Стапките на убиства во светот прикажани на една мапа

Стапките на убиства во светот прикажани на една мапа

Подготвил: Тамара Гроздановски

19 лица загинаа, а 26 се повредени после грозоморниот напад со нож во близина на Токио. Ова се смета за едно од најкрвавите масовни убиства во последниве децении во Јапонија.

 

ubistva


Поранешен вработен во центарот за грижа за лица со посебни потреби во Сагамихара успеал да влезе низ прозорецот во текот на ноќта и да изврши напад врз немоќни и хендикепирани лица пред самиот да се предаде на властите.

Локалната полиција била предупредена дека 26 годишниот осомничен испратил писмо до парламентот неколку месеци претходно, во кое ја искажува неговата визија за свет во кој лицата со посебни потребни би биле евтанизирани.

Нападот е едно од најлошите убиства после Втората светска земја во оваа земја која е позната по својот пацифизам.

Податоците во согласност со Канцеларијата на ОН за дрога и криминал за глобалните стапки на убиства покажува дека и покрај тоа што моделите поврзани со криминални активности и социо-политички агенди се менуваат од година во година, стапките на убиства по глава на жител во Јужна Африка, Колумбија, Венецуела и Централна Америка постојано се на високо ниво.

Во просек, низ светот има 6.2 убиства на 100.000 луѓе. Во Јужна Африка и Централна Америка, стапката е четири пати поголема, со повеќе од 24 жртви на 100.000 луѓе.

 

stapka


Повеќе од половина од сите жртвите на глобално ниво се млади - под 30 години, а повеќето од убиствата се случуваат во урбани средини. Поголем дел од жртвите се мажи, меѓутоа кај жените поголема е веројатноста да бидат убиени од нивните партнери или членови на семејството.