Отворени се 6 (шест) работни места во Фондот за иновации и технолошки развој

Отворени се 6 (шест) работни места во Фондот за иновации и технолошки развој

Врз основа на член 22 став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл. весник на РМ бр. 27/14 и 199/14), a во согласност со член 22 и 23 од Законот за работните односи (Сл. Весник на РМ бр. 62/05. 129/1 5) Фондот за иновации и технолошки развој објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

1. „Раководител на Одделение" во Одделение за подготовка на програми во Сектор за програмски активности. Раководителот раководи со одделението, ги организира и ги координира работите во одделението, подготвува анализи, планови и програми, подготвува документација и се грижи за спроведување на програмските активности и нивно набљудување и оценка, анализира и изработува материјали за активностите и политиките на донаторите, финансиерите и меѓународните институции и нивното евентуално влијание врз работењето на Фондот, и идентификува нови извори на средства за финансирање на Фондот, идентификува нови партнерства, одржува комуникација со постојни и потенцијални донатори, финансиери и други меѓународни организации, ja координира и администрира билатералната и мултилатералната соработка со другите иновациски фондови и слични ентитети, врши мониторинг на спроведувањето на проектите на корисниците на инструментите за поддршка на Фондот, како и спроведува теренска посета на претселектираните апликанти.

Основна нето плата: приближно 28. 282 денари.

Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите за ова работно место треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:најмалку ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен од областа на економски науки, правни науки или етнологија и етногенеза, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и тоа работно искуство во областа на право, економија, финансии, иновации, мали и средни претпријатија, меѓународни организации и/или управување со проектен циклус, познавање на англиски јазик, напредна работа со компјутер во word и excel.

2. „Раководител на Одделение" во Одделение за спроведување на програми во Сектор за програмски активности. Раководителот раководи со одделението, подготвува јавни повици за доделување на финансиски средства за инструментите за поддршка на Фондот, врши анализа и евалуација на предлог проектите за одделните инструменти за поддршка на Фондот и подготвува ранглиста за Комитетот за одобрување на инвестиции, врши набљудување и контрола на спроведувањето на одобрените предлог проекти, како и спроведува теренска посета на претселектираните апликанти, организира единствена евиденција на податоци и документација за предлог проектите.

Основна нето плата: приближно 28. 282 денари.

Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите за ова работно место треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:најмалку ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен од областа на економски науки, правни науки или компјутерска техника и информатика, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и тоа работно искуство во областа на право, економија, финансии, иновации, мали и средни претпријатија, меѓународни организации и/или управување со проектен циклус, познавање на англиски јазик, напредна работа со компјутер во word и excel.

3. „Раководител на одделение" во Одделението за финансии и сметководство во Секторот за општи и правни работи и финансии. Раководителот раководи со работата на одделението, изработува годишни и периодични финансиски извештаи на Фондот, одговорен е за процедурите на плаќања, изготвува квартални и годишни извештаи за искористеноста на средствата од заемот од Светска банка и за потребите на Министерство за финансии; подготвува буџети и работи на финансиско планирање на средствата на Фондот, подготвува податоци и активно учествува во извршувањето на процесот на надворешната и внатрешна ревизија на финансиското работење и известување на Фондот и подготвува податоци и го координира годишниот попис, врши мониторинг на спроведувањето на проектите на корисниците на За вработување на 6 (шест) извршители на определено време и тоа: инструментите за поддршка на Фондот од финансиски аспект, како и спроведува теренска посета на претселектираните апликанти.

Основна нето плата: приближно 28. 282 денари.

Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите за ова работно место треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:најмалку ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на економски науки, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шестгодини работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приваген сектор и тоа работно искуство во областа на економија, финансии, ревизија и/или сметководство, познавање на англиски јазик, напредна работа со компјутер во word и excel.

4. „Советник" во Одцеление за правни работи, јавни набавки и архива во Сектор за општи и правни работи и финансии. Советникот врши работи поврзани со подготовка на одлуки, решенија, договори и други акти за потребите на Фондот, планирање, организирање и спроведување на постапки за јавни набавки, изврпгување на активности поврзани со човечки ресурси, мониторинг на спроведувањето на проектите на корисниците на инструментите за поддршка на Фондот од правен аспекг, спроведување на теренска посета на претселектирани апликанти и други работи.

Основна нето плата: приближно 24. 049 денари.

Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите за ова работно место треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: најмалку ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен од областа на правни науки, економски науки или образование, работно искуство од најмалку 3 години во струката во областа на правото, економијата, финансии, јавни набавки, архивирање и/или канцелариско работење, активно познавање на англиски јазик и напредно ниво за работа со компјутерски пакет Microsoft Office.

5. „Советник" во Одделение за финансии и сметководство во Секгор за општи и правни работи и финансии. Советникот врши работи поврзани со: изработка на годишни финансиски извештаи и Финансиски план на Фондот и други извештаи по потреба, водење евиденција за исплатите на корисниците на инструментите за поддршка на Фондот во координација со Одделението за спроведување на програми, контрола, евидентирање и плаќање на примените фактури, договорни и други обврски и изготвување излезни фактури поврзани со фактурирање трошоци за плата, мониторинг на спроведувањето на проектите на корисниците на инструментите за поддршка на Фондот од финансиски аспект, спроведување на теренска посета на претселектираните апликанти и други работи.

Основна нето плата: приближно 24. 049 денари.

Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидагите за ова работно место треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: најмалку ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен од областа на економски науки, работно искуство од најмалку 3 години во струката во областа на економија, финансии, ревизија и/или сметководство, активно познавање на англиски јазик и напредно ниво за работа со компјутерски пакет Microsoft Office.

6. Советник" во Одделение за спроведување на програми во Сектор за програмски активности. Советникот врши работи поврзани подготовка на јавни повици за доделување на финансиски средства за инструментите за поддршка на Фондот, анализа и евалуација на предлог проекгите за одделните инструменти за поддршка на Фондот и подготвува ранглиста за Комитетот за одобрување на инвестиции, подготовка на договори и друга документација за одобрените предлог проекти, набљудување и контрола на спроведувањето на одобрените предлог проекти, како и спроведува теренска посета на претселектираните апликанти, комуникација со апликантите за одделните инструменти за поддршка, организирање единствена евиденција на податоци и документација за предлог проекгите.

Основна нето плата: приближно 24. 049 денари.

Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите за ова работно место треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: најмалку ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен од областа на економски науки, компјутерска техника и информатика или правни науки, работно искуство од најмалку 3 години во струката во областа на право, економија, финансии, иновации, мали и средни претпријатија, маркетинг, меѓународни организации и/или управување со проектен циклус, активно познавање на англиски јазик, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење Сите кандидати ќе бидат тестирани за познавањето на англиски јазик.

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 08:30 часот до 16. 30 часот.

Сите објавени работни места се на определено време со времетраење до 31. 12. 2016 година, но постои можностза продолжување на договорот со цел истиот да трае вкупно 1 (една) година. Со избраните кандидати ќе се скучи договор за вработување на определено време. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на приј авувањето

Потребни документи за аплицирање:

мотивациско писмо (најмногу до 500 зборови). На почетокот на мотивациското писмо задолжително да се наведе работното место, одделението и секторот за кое аплицира кандидатот (доколку кандидатот аплицира за повеќе работни места, да се наведат сите работни места за кои се аплицира, со соодветните одделенија и сектори и кратка биографија на македонски јазик.

Документите е потребно да бидат испратени на следната адреса:

Фонд за иновации и технолошки развој, бул. Гоце Делчев бб, зграда на МРТ, 20 кат 1000 Скопје, Република Македонија и/или на емаил; info@fitr.mk

Краен рок за аплицирање е 12. 08. 2016 година.

Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Фондот за иновации и технолошки развој ќе се изврши во рок од 45 дена од денот на истекот на рокот за пријавување.

Се охрабруваат сите кандидати кои сметаат дека се способни, мотивирани за тимска работа и ги исполнуваат условите да аплицираат на овој оглас. Напомена: Сите апликации ќе бидат внимателно разгледувани од страна на независна и стручна комисија. Кандидатите кои ги исполнуваат потребните услови и имаат уредна апликација ќе бидат контактирани.

Повеќе информации за дејноста на Фондот за иновации и технолошки развој може да се најдат на www. fitr. mk