Отворени се НОВИ 6 (шест) работни места во НБРМ

Отворени се НОВИ 6 (шест) работни места во НБРМ

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, a во согласност со членовите 14 став 1, 22 став 1 точка 1, 23 став 1 и 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7, 23 став 1 и 30 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија распишува

O Г Л A C
за вработување 6 извршители во Народната банка на Република Македонија, на неопределено време 

Двајца извршители на работно место „самостоен аналитичар" во Отсекот за вонтеренска супервизија во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање,
еден извршител на работно место „самостоен советник супервизор" и
еден извршител на работно место „супервизор" во Отсекот за теренска супервизија на ризици во Дирекцијата за теренска супервизија,
еден извршител на работно место „самостоен аналитичар II степен" во Отсекот за банкарска регулатива и
еден извршител на работно место „самостоен аналитичар" во Отсекот за финансиска стабилност во Дирекцијата за финансиска стабилност и банкарска регулатива.


2. Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, покрај општите законски услови за засновање на работен однос, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:

-За работно место „самостоен аналитичар" во Отсекотза вонтеренска супервизија во Дирекцијатаза вонтеренска супервизија и лиценцирање да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки, најмалку 3 години работен стаж стекнат по завршување високо образование од областа на економските науки, познавање на англиски јазик, работа со компјутер, познавање на банкарската супервизија и банкарскиот систем на Република Македонија, познавање назаконската и подзаконската регулатива од доменот на банкарството и познавања од областа на работењето на Народната банка.

-За работно место „самостоен советник супервизор" во Отсекот за теренска супервизија на ризици во Дирекцијатаза теренска супервизија да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки, најмалку 4 години работен стаж стекнат по завршување високо образование од областа на економските науки, познавање на англиски јазик, работа со компјутер, познавање на законската и подзаконската регулатива за работењето и супервизијата на банките и штедилниците и познавања од областа на работењето на Народната банка.

-За работно место „супервизор" во Отсекот за теренска супервизија на ризици во Дирекцијата за теренска супервизија да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки, најмалку 2 години работен стаж стекнат по завршување високо образование од областа на економските науки, познавање на англиски јазик. работа со компјутер, познавање на законската и подзаконската регулатива за работењето и супервизијата на банките и штедилниците и познавања од областа на работењето на Народната банка.

-За работно место „самостоен аналитичар II степен" во Отсекот за банкарска регулатива во Дирекцијата за финансиска стабилност и банкарска регулатива да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки, најмаку 3 години работен стаж стекнат по завршување високо образование од областа на економските науки, познавање на англиски јазик, работа со компјутер (MS Office), познавање на банкарската и финансиската регулатива, банарскиот и финансискиот систем на Република Македонија, базелските стандарди, европските директиви и познавања од областа на работењето на Народната банка.

-За работно место „самостоен аналитичар" во Отсекот за финансиска стабилност во Дирекцијатаза финансиска стабилност и банкарска регулатива да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки, најмаку 3 години работен стаж стекнат по завршување високо образование од областа на економските науки, познавање на англиски јазик, работа со компјутер (MS Office и Eviews), познавање на банкарската регулатива, банарскиот и финансискиот систем на Република Македонија, меѓународни правила и стандарди од областа на анализата на финансиската стабилност, познавања од областа на економетријата и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за сите работни места ќе бидат тестирани за нивните познавања од областа на работењето на Народната банка.

3. Кандидатите за работните места од точка 1 потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение за завршено високо образование, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање работа со компјутери, доказ за работен стаж од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија.

4. Работното време, во работната недела, започнува помеѓу 8, 00 и 9, 00 часот, азавршува помеѓу 16, 00 и 17, 00 часот.

5. Со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, со вршење на пробна работа во времетраење од 1 месец.

Висината на основната (нето) плата на работниците за работните места самостоен аналитичар во Отсекот за вонтеренска супервизија во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање и самостоен аналитичар во Отсекот за финансиска стабилност во Дирекцијата за финансиска стабилност и банкарска регулатива ќе изнесува 23. 646, 00 денари.

Висината на основната (нето) плата на работникот за работното место самостоен советник супервизор во Отсекот за теренска супервизија на ризици во Дирекцијата за теренска супервизија ќе изнесува 26. 357, 00 денари.

Висината на основната (нето) плата на работникот за работното место супервизор во Отсекот за теренска супервизија на ризици во Дирекцијата за теренска супервизија ќе изнесува 21 .466, 00 денари.

Висината на основната (нето) плата на работникотза работното место самостоен аналитичар II степен во Отсекот за банкарска регулатива во Дирекцијата за финансиска стабилност и банкарска регулатива ќе изнесува 25. 047, 00 денари.

6. Рокот за доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

7. Изборот на работникот кој ќе заснова работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот зa пријавување

8. Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.

9. Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Македонија. Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија, Бул. „Кузман Јосифовски Питу" бр. 1 Скопје.