Стипендии за магистерски студии во областа на демократијата и човековите права

Стипендии за магистерски студии во областа на демократијата и човековите права


Европската регионална магистерска програма за демократија и човекови права во југоисточна Европа е меѓународна програма која трае една година. Со неа, студентите добиваат 60 ЕКТС-кредити и двојна диплома од универзитети во Босна и Херцеговина и Италија.

Може да се пријавуваат кандидати со диплома во дисциплина поврзана со човековите права: право, политика, економија, социологија, новинарство, психологија итн. Кандидатите треба да имаат положен тест за англиски јазик. Студентите добиваат грант за студирање и живеење во износ од 4.500 евра, а сместувањето и храната во Италија се покриваат во целост.

Пријавувањето трае до 10 септември.

Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.