Експеримент од студенти по медицина ја покажува штетата од пушењето

Експеримент од студенти по медицина ја покажува штетата од пушењето

Подготвил: Драгана Петрушевска

Непрофитната американска медицинска организација „MEDspiration“ неодамна објави вознемирувачко видео кое покажува каков ефект имаат само 20 испушени цигари на нашите бели дробови. Во објавата напишале „Еве зошто една цигара ве чини 11 минути живот“.


Експертите пресметале колку точно цигарите ни го скратуваат животот, пишува „Independent“. Основајќи го своето истражување на податоците од Заводот за национална статистика, тие стигнале до бројката 6,5.

Имено, толкава е разликата во годините на живот меѓу пушачите и непушачите. Поточно, една цигара „одзема“ 11 минути живот, а една кутија три часа и 40 минути.

Било објавено видео од страна на организацијата во која се претставува експериментот во кој студентите приклучиле цигара со машина која пуши во која се наоѓаат бели дробови кои се приклучени на системот.