Фејсбук ви овозможува да се потсетите на најубавите моменти од вашиот роденден

Фејсбук ви овозможува да се потсетите на најубавите моменти од вашиот роденден

Подготвил: Тамара Гроздановски

Фејсбук на своите корисници има овозможува нов начин со кој ќе можат да се потсетат на своите родендени.

 

1


Социјалната мрежа започнува со нова видео алатка која автоматски создава видео ден после вашиот роденден со цел да ве потсети на фотографиите и пораките кои сте ги добиле од пријателите.

Исто како видеата од „Friend's Day“, новите роденденски видеа содржат роденденски желби од вашите пријатели заедно со фотографии на денот.

Новата карактеристика корисниците ќе можат да ја очекуваат во наредните неколку денови.

 

2


Овие видеа не се единствениот начин на кој компанијата неодамна го подобри начинот на кој луѓето го прославуваат нивниот роденден на Фејсбук - неодамна, социјалната мрежа објави нова алатка која им овозможува на корисниците да снимат роденденски видеа за нивните пријатели.

Фејсбук стана голем дел од роденденските прослави на луѓето, а компанијата вели дека нејзините корисници постираат повеќе од 100 милиони роденденски пораки секој ден.