Кина ја откри најдлабоката подводна дупка во светот

Кина ја откри најдлабоката подводна дупка во светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Кина тврди дека ја открила најголемата дупка во светот. Во средата, кинеската телевизија „CCTV“ објави дека е откриена „Змејската дупка“ која е 300 метри длабока и претставува најдлабоката подводна дупка на Земјата.

 

дупка


Јужното Кинеско Море е дискутабилна територија околу која со години се борат Виетнам, Малезија, Индонезија, Брунеи, Филипините, Тајван и се разбира, Кина. Ова море е познато по своите природни богатства и претставува пресек на голем број поморски патишта. Покрај тоа, претставува едно од највоените области во светот.

Дупката се наоѓа во архипелагот на Параселските Острови, уште една спорна област за чија сопственост се борат Кина, Тајван и Виетнам, а локалното население дупката ја нарекува и „око“ на морето.

Јенг Зуошенг, професор на Кинескиот универзитет изјави дека неговиот тим на истражувачи користел голем број на методи за утврдување на точната длабочина на дупката. „Длабочината на дупката ја утврдивме со серија на калибрации со што откривме дека таа е длабока 300 метри“, изјави тој.

Сините дупки настанале во текот на изминатите ледени доба. Станува збор за вертикално потопена пештера која може да се наоѓа во морето или на копно, а последните години станаа туристичка и научна дестинација. Постојат многу низ светот, а најбројни се во ниските крајбрежни области. Најпознатите можат да се најдат во Белизе, на Бахамите, во Гуам, Австралија и Египет.