Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме за време на празникот?

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме за време на празникот?

Денес е петок, 29 јули 2016 година, 211-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:20, а ќе зајде во 19:58 часот. Денот ќе трае 14 часа и 38 минути.

По синокешните врнежи од дожд кои ги имаше во северните предели, ова утро во Македонија имаме претежно сончево време со локална облачност и топло. Појава на локална облачност има во крајните северозападни предели.


МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло. Во попладневните часови во северозапаните, западните и југозападните предели како и во регионите на Дојран, Струмица и Берово развој на нестабилна облачност која што ќе услови врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Минималните температури од 12 до 21 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 25 односно до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност. Попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни и во вечерните часови може да услови слаби врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна до 34 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во деновите од викендот вистинско лето, стабилно, сончево и топло со пораст на температурите. Во сабота максималните температури ќе се движат од 26 до 37 степени, а во недела тие ќе достигнат до 28 односно до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

Во понеделник и вторник тропски денови, сончево и многу топло време. Во понеделник максималните температури од 30 до 40 степени, а во вторник од 29 до 40 степени. Во овие денови се очекува и висока вредност на ув индексот 10.

Weather4all.com.mk