Што се случува кога непотребно го критикуваш естонскиот претседател?

Што се случува кога непотребно го критикуваш естонскиот претседател?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Како што искусните новинари веќе добро знаат, претседателот на Естонија не сака кога работите излегуваат од контрола.


Сега, претседателот се најде на насловните страници поради поддржувач на Доналд Трамп, кандидатот за претседател на САД. Имено, Томас Илвес, претседателот на Естонија, неделава јавно го посрамоти поддржувачот на Трамп поради правење граматичка грешка.

Фанот на Трамп се обидувал да го критикува претседателот за објава на „Твитер“ на англиски јазик, но тој напишал „your“ наместо „you're“. Голема грешка.


Илвес посочил кон грешката, објаснувајќи дека многу луѓе не разбираат естонски, пред да заврши со латинска изрека која често се користи во математиката кога нешто се докажува или објаснува.

Резултатот бил засрамувачки за другата страна...