Ако луѓето го колонизираат Марс, како ќе еволуираме?

Ако луѓето го колонизираат Марс, како ќе еволуираме?

Подготвил: Тамара Гроздановски

На 30 јули 2016 година, веб страната Cracked.com објави кратка видео анимација на својот канал на YouTube во која објаснува зошто патувањето во вселената е една од најлошите работи кои може да му се случат на човечкото тело.

 

mars


Иако Star Trek го нарекува последната граница, сепак ова не е граница која треба да се истражува. Вселената е сурова. Не е како одење на прошетка - кога нешто не е во ред со астронаутите, тоа може да биде смртоносно. Не постои армија која ќе биде испратена за негово спасување, не е бран од кој човек може да се опорави.

Дури и ако вселенското летало кое не' носи до вселената работи беспрекорно, постојат и други проблеми. Како што посочува Cracked, „вселената ќе го уништи вашето тело“. Наједноставно кажано, предолгото престојување во нулта гравитација предизвикува многу здравствени проблеми. Такашто престојувањето во вселената долго време не е добра идеја.

Но, што со сонот за колонизација на друга планета? Бил Нај, научниот едукатор и автор, има неколку мерки на претпазливост во врска со колонизацијата на Марс. Би можело да биде слично, но многу полошо колку базата моментално на Антарктикот. Тешко е да се живее на студениот континент. Освен пингвините и фоките кои живеат на брегот, тоа е само празно место без храна и вода. Сличен би бил животот на Марс. Нај исто така укажува на претстојниот филм наречен „The Space between us“ кој дава прилично добра идеја за сето ова. Ако некој е роден на планета како Марс, многу работи можат да му се случат на ова тело, вклучувајќи и срце со различна сила, со кое би било прилично тешко да се живее на Земјата. Бил Нај не ја гледа колонизацијата на Марс во блиска иднина. Дури и според проценките на еден ентузијаст, ние сме далеку од можноста да живееме на Црвената планета.