Вернер Херцог за иднината на филмската школа и за популарноста на Pokemon Go

Вернер Херцог за иднината на филмската школа и за популарноста на Pokemon Go

Подготвил: Тамара Гроздановски

Повторувањето е моќна алатка со која се користат и наставниците и кинематографите, а професорот Вернер Херцог сака да знаете две работи: тој нема мобилен телефон како и фактот дека не знаел дека филмовите постоеле се' до неговата 11 година.

 

herzog


Тој ги посочува овие факти како хумористични анегдоти за време на промовирањето на неговиот документарец „Lo and Behold“ и во видео предавањата кои неодамна ги објави на интернет. Но, кој би му верувал на човек кој нема мобилен телефон, а создава документарец за нашиот поврзан свет? Како да му веруваме на човек кој не пораснал заслепен од „Star Wars“ или филмовите на Спилберг?

Ова се прашања кои никој нема да се осуди да ги праша бидејќи станува збор за Вернер Херцог. Како документарец кој патувалдо најоддалечените краишта на пустините, постојат мал број кинематографи како Вернер.

Херцог стана доста популарен во последниве години, а доста популарни се и неговите онлајн предавања кои го изразуваат неговото трансцендентно сочувство како режисер. Токму затоа интервју со ваква личност е и повеќе од привилегија.

Сега сте предавач на два различни курсеви за филм. Како би ја измериле разликата помеѓу оние кои добиваат знаење за 1.500 долари во „Rogue Film School“ и оние кои добиваат знаење за 90 долари со вашите „MasterClass“ предавања?

„Rogue Film School е доста интензивна средба, директна средба со амбициозните режисери и кинематографи. Сите тие се веќе професионалци. Различен е пристапот. Кај мене студентите некогаш ќе научат како да фалсификуваат дозвола за снимање во услови на воена диктатура - нешто што сум го направил два пати. Станува збор за директен контакт со студентите. Го слушам нивниот глас и ги слушам нив, а тие можат да зборуваат за нивните проблеми, пречки и сомнежи.

Кога станува збор за моите „MasterClass“ предавања, јас немам никого пред мене, освен неколку камери. Морам да се обидам да зборувам од сопствено искуство и да стигнам до нешто кое би им помогнало на оние кои сакаат да бидат амбициозни кинематографи. Овие предавања се за младите луѓе, луѓе од било која возраст кои не создале филмови во нивниот живот. Со „Rogue Film School“ сита мораат да ми испратат напишана апликација - а јас ги читам сите апликации, и сите мораат да ми испратат филм. Јас сум комисијата што го проверува филмот. Ги гледам сите филмови, стотици и стотици и правам тесен избор од максимум 50 лица“.

Дали сте забележале било какви промени во работата и апликациите во текот на изминатите седум години?

„Секогаш постојат изненадувања. Одеднаш постои филм кој не е целосно реализиран, но во филмот има една минута на сосема невидени работи кои ве тераат да седнете и да земете здив. Тоа се луѓето кои би ги поканил во „Rogue Film School“ кои не следат одреден пат. Моите лекции зборуваат на ист начин. Пронајдете го вашиот сопствен глас, немојте слепо да ги следите правилата на раскажување во однос на сценаријата. Најдете го вашиот глас, вашиот идентитет и не се плашете да влезете во него.

Денес е прилично лесно; можете да направите филм со камера која повеќе не е толку скапа. Можете да снимите глас на вашиот телефон ако додадете добар микрофон и можете да го уредите вашиот филм на вашиот лап топ. Со други зборови, можете да создадете филм за 10.000 долари или помалку. И токму ова им го кажувам на студентите или оние кои ги гледаат моите предавања: не чекајте системот да ве прифати. Вие создадете сопствен систем, создадете сопствен буџет и направете го вашиот прв документарец.

Се појавуваат се' повеќе и повеќе „направи сам“ луѓе и ова е доминантен став кај младите филмски работници, особено оние кои својата работа ја споделуваат на интернет. Дали сметате дека некогаш ќе исчезне традиционалната филмска школа?


Не, за жал нема целосно да исчезнат; а посакувам да исчезнат. Посакувам секој да излезе од некаде и да се научи од самиот живот, од самиот свет. Филмската школа ќе остане бидејќи постои општа побарувачка за содржината, да речеме, на телевизија. А филмската индустрија има еден вид на постојана побарувачка за содржината.

Дали знаете за „Pokemon GO?“


Не. Не знам што е „Pokemon GO“. Му зборувате на човек кој го направи првиот телефонски повик на 17 години. Зборувате со некој кој нема мобилен телефон поради културни причини. Објасни ми за „Pokemon Go“. Што се случува?

Во основа станува збор за првата мејнстрим реалити програма. Тоа е игра каде целиот свет е мапиран, а ти треба да го следиш GPS-от на твојот телефон. Одиш наоколу во реалниот свет и можеш да ги фаќаш овие мали чудовишта и да ги собираш. И сите ја играат.

Дали ти кажува дека си тука на Сан Висент, близу до Сансет Булевар?

Да, во основа е како „Google Maps“.

Но што прави покемон тука?

Можеш да го фатиш. Сето тоа е целосно виртуелно. Многу едноставно, но исто така е физички базирано на информации кои постојат во реалниот свет.

Кога двајца луѓе кои се во потрага на покемон, се судрат на аголот на Сансет и Сан Висент, дали постои насилство? Дали постои убиство?

Да постои борба, виртуелно.

Дали физички се тепаат?

Не.

Дали се касаат за раце? Дали се судираат еден со друг?

Интересно е тоа што постојат анегдоти поврзани со луѓето кои ја играат играта. Некои од нив никогаш не ги виделе нивните соседи. И кога ќе излезат да бараат покемони тие сфаќаат дека ја играат истата игра и започнуваат да разговараат.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.