Морско животно старо 11.000 години ги фасцинира научниците

Морско животно старо 11.000 години ги фасцинира научниците

Подготвил: Тамара Гроздановски

море

 

Не е тајна дека некои животни на Земјата живеат многу подолго од луѓето. Папагалот во заробеништво може да живее повеќе од 80 години, додека гигантската желка може да достигне до 100 години или повеќе, а најстариот гренландски кит живеел околу 211 години. Но, едно малечко античко суштество ги победи сите нив со оглед на тоа што достигнал 11.000 години во неговото фригидно живеалиште во морето.


Научниците проценуваат дека овој сунѓер кој живее длабоко во морето и припаѓа на видот Монорафис чуни живеел најмалку 11.000 години, според нивното истражување.

 

2


Сунѓерот стана центар на вниманието во голем број научни кругови, а истражувачите сакаат да дознаат како функционираат неговите биолошки функции. Прво и основно, тие се надеваат дека ќе откријат како е возможно ова суштество да преживее толку долго време, со оглед на тоа што ниту едно друго животно на Земјата немало толку долг животен век, дури и оние суштества кои се блиски по вид со сунѓерот.