УГД донираше 25 тони пакувана вода за поплавените подрачја во Скопје

УГД донираше 25 тони пакувана вода за поплавените подрачја во Скопје

Универзитетот „Гоце Делчев“ се приклучи во хуманитарните активности со цел помош на граѓаните кои се погодени од страшното невреме во Скопје и околината. Еден шлепер со околу 25 тони вода е испратен од страна на Универзитетот до граѓаните од овие места.


УГД воедно изразува сочувство до семејствата на загинатите и настраданите во ова страшно невреме и упатува апел до сите граѓани колку што можат да се вклучат во помошта на своите сограѓани за што е можно поскоро да се врати нормалното живеење во погодените подрачја.