Читај книги каде и да си со kniga.mk

Читај книги каде и да си со kniga.mk

Издавачкиот центар ТРИ ја претстави првaта мобилна апликација за читање на електронски изданија која истовремено овозможува пристап до дигитална книжарница во која може да прелистувате, преземате и читате книги на македонски јазик.



Со огромно задоволство ви ја преставуваме првата дигитална книжарница во која можете да најдете голем број актуелни изданија во електронски формат и да ги читате на своите електронски уреди во секое време и од секое место на светот!

Kniga.mk е апликација за паметни уреди преку која ќе можете да прелистувате, преземате и читате електронските изданија од најактуелните книги објавени на македонски јазик по специјална цена, со можност да го приспособувате читањето по сопствена желба и да ги користите различните функционалности што таа ги нуди – креирање на сопствена дигитална библиотека достапна во секое време, кориснички пристап од повеќе уреди, дневнен и ноќен режим на користење, брзо и едноставно пребарување, категоризација на сите изданија, пониска цена на книгите во споредба со печатените изданија. Покрај тоа, за читање на книгите не е неопходна интернет-врска.

Дигиталната книжарница Книга.мк е достапна за читателите од целиот свет, а базата на електронски книги ќе биде проширувана секојдневно.

Во овој ПРОМОТИВЕН период, со секое преземање на апликацијата следуваат 5 бесплатни изданија од Издавачкиот центар ТРИ.

Кликнете ТУКА и почнете го своето прво дигитално четиво!

Одликите и поволностите на апликацијата можете сликовито да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК