Што студентите треба да знаат за бизнис светот?

Што студентите треба да знаат за бизнис светот?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Дипломираните студенти кои имаат доволно среќа ќе пронајдат работа неколку месеци после дипломирањето. За нив ова значи дека веќе влегле во светот на бизнисот и започнуваат да ги дознаваат утринските аларми, целосната исцрпеност, зависноста од кофеин и слично.

 

студенти


Факултетот нуди доста вредни лекции за сите студенти, меѓутоа факт е дека не ве подготвуваат соодветно за животот после факултетот. Еве што се' треба да знаете за бизнис светот во кој влегувате да работите.

1. Нема одмор ниту дремки


Се сеќавате дека сте се буделе во 10 часот наутро за на предавање, меѓутоа сте одлучиле да поспиете уште еден час? Ова дефинитивно не се случува во бизнис светот. Треба да знаете дека ви се потребни седум до осум часа сон за да бидете продуктивни и свежи за на работа бидејќи не смеете да го пропуштите состанокот со вашиот шеф.

2. Облечете се за улогата

На факултет не беше важно дали девојките носат јога пантолони или машките преголема дуксерка. Машките секогаш можеа да се извлечат со патики и маици кои ги покажуваа нивните мускули. Но, откако ќе влезете во бизнис светот, потребно е да се облечете за улогата која сакате да ја играте. Голем број на канцеларии веќе имаат воведено лежерно облекување меѓутоа ова дефинитивно не значи дека не треба да бидете убаво облечени.

3. Интелигенцијата е секси


Изгледот може да отвори врати во бизнис светот и во животот. Можеби звучи нефер но е вистина. За среќа, постои уште една карактеристика која може да ве одведе уште подалеку: интелигенцијата. Не постои ништо посекси и поимпресивно од некој кој може да ве воодушеви со способноста да размислува. Поминете време усовршувајќи се - приклучете се на групи и професионални организации, читајте книги, пронајдете ментори и слично.

4. Пијте во умерени количини

Среќните часови кои ги нуди компанијата се шанса да се релаксирате и социјализирате надвор од бизнис амбиентот. Немојте да си дозволите да пиете повеќе отколку што треба и да флертувате со колегите. Ако сакате колегите да ве почитуваат во понеделник, немојте да размислувате како канцелариски кловн. Секако дека сакате да се опуштите, но се' во своја граница.

5. Исчистете ги вашите профили на социјалните медиуми

Иако е убаво чувството да имате 300 лајкови на вашите селфи фотографии на Фејсбук и Инстаграм, на вашиот шеф сигурно нема да му се допаднат фотографиите на кои вие изгледате провокативно. Не се' треба да биде документирано на социјалните медиуми.

6. Создадете си буџет


Повеќе не зависите од вашите родители такашто парите ќе треба да ги распоредите соодветно. Составете си буџет за вашите месечни трошоци - кирија, телефонски сметки, бензин, храна и се' што ви е потребно да покриете.

7. Поставете си разумни цели


Вашиот шеф сигурно нема да ви даде некоја доста важна задача во текот на првата година Наместо тоа, вие ќе треба самите да започнувате да си поставувате цели и средства со кои ќе го мерите вашиот напредок. Успехот во бизнисот и животот зависи од растењето. Дефинирајте ги вашите цели на работа и потоа поставете си чекори како можете да стигнете до нив.

8. Научете се да велите „не“

На факултет го имавте цело време на светот и можевте да експериментирате со се' и сешто. Одење во барови, одење на кино, вечерни излегувања до доцна во ноќта. Но сега кога работите 40 часа во неделата ќе имате помалку слободно време. Затоа потребно е да ги приоретизирате можностите, а тоа значи велење „не“ на многу работи кои можеби ќе ви се допаѓаат.

9. Поставете си проект настрана од работата

Ако немате проект на страна, тогаш правите се' погрешно. Пронајдете други начини каде можете да ја насочите енергијата и да заработите дополнителни пари.

10. Не се споредувајте со другите

Големи се шансите еден од вашите колеги да биде доста успешен уште во текот на првата година на работа. Но, немојте да започнете да го мерите вашиот успех со нечиј успех. Сите имаме одреден пат во овој свет, и сите „пристигнуваме“ во различно време. Сконцентрирајте се на подобрување на себеси и на негување на вашата среќа.