Високо технолошки слушалки кои ги подобруваат резултатите кај спортистите

Високо технолошки слушалки кои ги подобруваат резултатите кај спортистите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Елитните натпревари често пати се сведуваат на милисекунди. Можеби тоа е причината зошто некои од тркачите на тимот на Америка имаат блага конкурентска предност на Олимписките игри во Рио преку пар високо-технолошки слушалки.

 

slusalki


Слушалките „Halo Sport“ се уреди кои користат невронски мрежи за подобрување на мозокот на атлетичарите. Тие работат преку таканаречениот невро-примарен процес, вели Даниле Чао, научник и извршен директор на „Halo Neuroscience“, компанијата позади овие слушалки.

Кога ќе ги ставите слушалките, тие доставуваат електрична стимулација на мозокот, помагајќи им на спортистите да дојдат до фаза наречена хипер-пластичнот. „Во оваа состојба, се' е позначајно за мозокот“, вели Чао. Во случај на тркачите, ова може да биде од корист кога ги вежбаат нивните почетоци или техниката која ја користат за да ја завршат трката. Бидејќи спортот бара доста пракса и повторување, Чао вели дека слушалките се од голема корист за спортистите.

Уредот е насочен кон вашиот моторен кортекс, делот од мозокот кој ги контролира движењата. „Кога тренирате додека моторниот кортекс е во состојба на хиперпластичност, секое од овие повторувања станува „полепливо“, објаснува Чао. Со помош на слушалките оваа стимулација може да ги зајакне врските меѓу невроните и мускулите.

Но зошто баш тркачите? „Постои многу техника во трчањето“, вели Чао. А некои од спортистите со кои работела компанијата покажале подобри техники со користењето на овој уред; тие исто така изјавиле дека ако ги користеле слушалките во загревањето, ментално биле повеќе подготвени да започнат со вежбањето.

И додека движењето на вашиот мозок со електрична струја може да звучи страшно, Чао вели: „Не постои ништо што покажало дека го притиска мозокот во состојба која не е безбедна за спортистот“.

„Не мора да бидете спортист за да сакате да бидете подобри“, вели Чао. Тој додава дека уредот одлично се усогласува и со спортовите како велосипедизам и триатлони каде можете да се споредите самите против себе.