Книги кои треба да ги прочита секој писател во подем

Книги кои треба да ги прочита секој писател во подем

Подготвил: Тамара Гроздановски

Пишувањето роман без никаква обука е тешко за секој надежен писател. Пишувањето фикција значи пишување за различни човечки ликови. Овие книги ја истражуваат човечката природа и се' што е поврзано со неа. Што треба да знае еден надежен писател пред да започне да пишува роман? Многу работи, а меѓу другото би требало и да ги има прочитано следните книги кои нудат огромна помош и инспирација.

 

pisatel

 

1. За генерирање на инспирацијата - „Daily Rituals“ од Мејсон Куреј


Пишувањето може да ве направи да се чувствувате чудно, како да не припаѓаде никаде. Мејсон Куреј внимателно ги избрал секојдневните навики и личните слабости на 160 големи писатели, уметници, научници и мислители.

2. За правилата кои се создадени да се прекршат - „The elements of style“ од Вилијам Странк Џуниор и ИБ Вајт


Правилата на модерното пишување се присутни скоро еден век. Вилијам Странк Џуниор, професор по англиски на Универзитетот Корнел, прво ја испечатил книгата приватно за неговите студенти на крајот на Првата светска војна. Книгата е ажурирана и служи за да не' инспирира да ги правиме работите правилно само ако така ни кажува интуицијата.

3. За да се сфати разликата помеѓу еден и друг лик - „Distinction“  од Пијер Бурдие


Ова е социолошки текст, но не треба да ве плаши неговата „густина“, дијаграмите или табелите: станува збор за вистински златен рудник. Во книгата, Бурдие прикажува какви снобови сме ние, од храната која им ја служиме на пријателите до деталите на нашата облека, како и начинот на кој ги цениме бремените жени и зајдисонцата. Иако е направена според моделот на француската буржоазија, сeпак можеме да се пронајдеме и себеси, а и нашите колеги во книгата.

4. За да се восхитуваме - „The chambers dictionary“

Секако, сите зборови се онлајн, меѓутоа оваа книга тешка 2.3 килограми е неверојатен потсетник за она што го правиме. Размислувањето не е пишување; само пишувањето е пишување и треба да направиме да постои во реалноста, а не на екранот. Зборовите се однесуваат различно кога се на „свеж воздух“.

5. За да ја осознаееме психологијата - „Instant Analysis“ од Дејвид Либерман

Борбите на еден лик во книгата секогаш ќе ја носат неговата психологија. Не ни е потребен докторат за да знаеме нешто за психологијата, едноставно можеме да ги видиме симптомите околу нас и да ги опишеме онака како што се појавуваат. Книгата на Либерман се однесува на 100 заеднички комплекси. Очигледно, сите се пронаоѓаме себеси во неа.

6. За откривање на тоа што знаат негативците - „The Prince“ од Николо Макијавели

Оригинално упатство за принцови, ова ремек-дело не' учи на кого можеме да му веруваме и како да уништиме некој ако не можеме да му веруваме. Страшното нешто во врска со оваа книга е како таа вешто вклопува било кое ниво на играта и моќта на човекот.

7. За ослободување на чувството дека модернизмот е нешто ново - „Satyricon“ од Петрониј Арбитер

Малку работи можат да ја промена перспективата за историјата на човекот како ова дело. Книгата е полна со ризичен секс, претенциозна храна и само-грижа.

8. За да се одговори прашањето зошто демократијата треба да се користи умерено - „Extraordinary Popular Delusions and the Madness of Crowds“ од Чарлс Мекеј


Без оглед на силата на херојот или нивото на слава за кое планираме да пишуваме, секогаш е интересна можноста да истражуваме колку бизарни можеме да бидеме. Пишувана во убава проза во 19-от век, оваа книга не' води низ најлудите нешта низ историјата.

9. За да го почувствуваме мирисот на литературата - „The black book“ од Лоренс Дурел


Една работа е да слушнете за страста, а друга е да прочитате во оваа книга. Ова се страните во кои 24 годишниот Дурел го пронашол својот вистински глас. Вистинска инспирација.

10. За да видиме што може да се случи кога се' ќе споите - „Tender is the night“ од Ф.Скот Фицџералд


Книга која доаѓа со екстра сјај. Иако „The Great Gatsby“ се смета за најголемото дело на овој писател, сепак ова е потајно неговото најдобро дело.