Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје - 25 извршители

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје - 25 извршители


Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје

Служба за  технички услуги / Секторот за активности за технички услуги за корисници /Област на Главниот  директор за техника и ИТ

Работно место: Техничар 3 за активности за технички услуги за корисници – 25 извршители


-    Скопје …....................................8 извршители
-    Тетово.......................................3 извршители
-    Гостивар...................................2 извршители
-    Битола.......................................1 извршители
-    Оxрид.........................................1 извршители
-    Прилеп/Крушево.......................1 извршители
-    Струга/Дебар............................2 извршители
-    Куманово/Крива Паланка.........3 извршители
-    Штип/Пробишти/Св.Николе..........1 извршители
-    Струмица /Радовиш............................2 извршители
-    Кавадарци/Неготино/Гевгелија....1 извршители

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:


-    Средно образование или диплома за занимање квалификација IV/III степен
-    0-1 години соодветно работно искуство
-    Монтажерски и инсталациски компетенции на телекомуникациски кабли (бакар и оптика) и кабли LAN,
-    Работа со компјутери (MS Office) и работа со апликации за оперативно работење

Работни задачи:

-    Отстранува пречки и врши инсталација на услуги на Македонски Телекокм на корисничка страна, во сите сегменти (секударна мрежа, внатрешна инсталација, CPE опрема)
-    Внатрешната инсталација ја изведува во согласност со  упатствата за работа
-    Обезбедува инсталација или реконфигурација на CPE опрема согласно Упатствата за работа
-    Непречено работи на висини до и над 2м согласно правилникот за БЗПР, врши работи на инсталации и отстранување на пречки на надворешна дистрибутивна мрежа на столбови со висина од 7 м.
-    Се грижи и одговара за точност на внесените податоците во налозите во апликација
-    Работи преку апликација од терен, врши задолжување и раздолжување на налози во апликација од терен
-    Врши нудење и продажба на услугите на Македонски Телеком на сите потенцијални корисници, дава и собира повратни информации на корисниците за производите и услугите на МКТ
-    Го почитува упатството за работа за комуникација при посета кај корисник, се грижи за позитивно корисничко искуство од секој контакт со корисникот
-    Редовно ја носи службената работна облека, се грижи да биде чиста и уредна, се грижи за личната хигиена и уредност, носи заштита на чевли при влез кај секој корисник, не остава технички отпад по завршена работа
-    Правилно ги употребува основните средства, ресурсите, инструментите и алатите преку примена на упатствата за ракување
-    Врши проверка на заштитната опрема на дневна основа и задолжително пред секое ракување со истата


Способности и вештини:

-    Ориентиран кон исполнување на зададени резултати, самомотивиран, спремен да работи со корисници, услужлив, позитивен, способен да се справи со конфликтни ситуации, проактивност при совладување на нови технички вештини и знаења, тимски дух и способност да функционира во големи тимови,

Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Техничар 3 за активности за технички услуги за корисници

Огласот ќе биде објавен на ден 11.08.2016  година и ќе трае  до 16.08.2016 година.

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Ќе работи со полно работно време од 40 часа  во две смени

Минимумот на предвидената вкупна  нето плата за ова работно место е во висина од  18.229,00 денари

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.