Оглас за практична работа во Кроација Осигурување/неживот

Оглас за практична работа во Кроација Осигурување/неживот

Кроација Осигурување/неживот објавува оглас за практична работа, во Кабинетот на Генералниот директор.

 

crosig

 

Практикантите ќе имаат можност да бидат вклучени во помошни активности во работниот процес на Друштвото, конкретно во следните области:

 

- Работни односи;
- Облигациони односи;
- Корпоративно право и
- Следење и усогласеност со прописи.

 

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

 

- Да се студенти во 5ти или 6ти семестар или во вториот циклус на студии на Правен Факултет;
- Да имаат добро познавање од англиски јазик;
- Да имаат добри познавања од MS Office;
- Да бидат во можност да извршуваат пракса од понеделник до петок во траење од најмалку 4 часа дневно

 

Праксата е со времетраење од три месеци и ќе се извршува во канцелариите на Друштвото во Скопје. Практикантите ќе добиваат однапред утврден редовен месечен надоместок.

 

Заинтересираните кандидати може да аплицираат на zoran.pandev@crosig.mk и да испратат свое CV и информација за постигнатиот успех во студиите, со назнака Пракса за кадровски и правни работи, најдоцна до 21.08.2016 година.

 

Кадидатите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот круг на селекција, ќе бидат дополнително исконтактирани за интервју.