Оглас за вработување во Народната банка на Република Македонија

Оглас за вработување во Народната банка на Република Македонија

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на РепубликаМакедонија, a во согласност со членовите 14 став 1, 22
став 1 точка 1, 23 став 1 и 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7, 23 став 1 и 30 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија распишува

O Г Л A C
за вработување на

1 извршител на работното место „организатор II степен" во Рефератотза тековно и инвестициско одржување на објектите во Дирекцијата за техничко одржување, обезбедување и архива во Народната банка на Република Македонија, на неопределено време

1 .Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:

- завршен факултет од областа на техничко технолошките науки;
- да имаат познавање на англискиот јазик;
- познавање на работа со компјутер и
- најмалку 2 години работен стаж стекнат по завршување на високото образование.

2. Кандидатите потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение зазавршено високо образование од областа на техничко технолошките науки, доказ за познавање на англискијазик, доказ за познавање на работа со компјутер
и доказ за работен стаж од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија.

3. Работното време, во работната недела, започнува помеѓу 8, 00 и 9, 00 часот, азавршува помеѓу 16, 00 и 17, 00 часот.

4. Со кандидатот кој ќе заснова работен однос, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, со вршење на пробна работа во времетраење од 1 месец.

Висината на основната (нето) плата на работникот ќе изнесува 22. 917, 00 денари.

5. Рокотза доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огаасот.

6. Изборот на работникот кој ќе засноваработен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот нарокот
зa пријавување

7. Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.

8. Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Македонија.

Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија,
Бул. „Кузман Јосифовски Питу" бр. 1 -Скопје.