Кои земји во светот можат да се пофалат со најдобар образовен систем за 2016 година?

Кои земји во светот можат да се пофалат со најдобар образовен систем за 2016 година?

Подготвил: Тамара Гроздановски

obrazovanie 

 

Образованието е една од оние работи кои се смета за доста важна насекаде низ светот, меѓутоа сепак се чини дека не секоја земја посветува доволно внимание на ова поле. Земјите често пати претпоставуваат дека нивниот образовен систем е најдобар, но тоа не е вистина во поголемиот дел од случаите.


Образовната група „Pearson“ периодично ги тестира ваквите претпоставки спроведувајќи мерливи работи како оценките со цел да ги рангира земјите во согласност со успехот на нивниот образовен систем.

„The Social Progress Imperative“ направи истражување за основните нивоа на образование во целиот свет и тоа го презентираше во нивниот Индекс за социјален напредок; тој нуди ригорозни и сеопфатни начини на мерење на социјалниот напредок вклучувајќи и оценки за нивоата на пристап до основното знаење во една земја, како и стапката на писменост на возрасните, запишување во основно училиште, запишување во средно училиште и слично.

Овие компоненти утврдуваат кои земји нудат подобри образовни можности.

Клучни наоди 2015/2016 година


- Земјите во Источна Азија и понатаму ги надминуваат другите. Јужна Кореја се наоѓа на врвот, а после неа се Јапонија, Сингапур и Хонг Конг. Образовниот систем на овие земји повеќе го ценат напорот отколку наследената интелигенција, имаат јасни резултати од учењето и имаат силна култура на одговорност.

- Скандинавските земји, традиционално силни изведувачи, покажуваат знаци на губење на квалитетите. Финска, лидерот од 2012 година падна на 5-то место, а Шведска од 21-то место се најде на 24-то место.

- Значајни подобрувања се забележани кај Израел (од 12-то на 17-то место), Русија (од 7-мо на 13-то место) и Полска која се искачи на 10-то место.

- Земјите во развој се наоѓаат на последните места, со Индонезија на последното 40-то место, а пред неа се наоѓаат Мексико (39-то место) и Бразил (38-мо место).

Земјите со најдобар образовен систем за 2012 година

1. Финска
2. Јужна Кореа
3. Хонг Конг
4. Јапонија
5. Сингапур
6. Велика Британија
7. Холандија
8. Нов Зеланд
9. Швајцарија
10. Канада
11. Ирска
12. Данска
13. Австралија
14. Полска
15. Германија
16. Белгија
17. Америка
18. Унгарија
19. Словачка
20. Русија
     
Земјите со најдобар образовен систем за 2015/2016 година

1. Јужна Кореја

Јапонија и Јужна Кореја имаат жестока конкуренција за прво место. Кореја ја победи Јапонија со 3 нивоа. Јапонија и покрај инвестирањето во образованието, сепак се најде на второто место. Децата во Јужна Кореја често пати одат на училиште седум дена во неделата. Националниот буџет за образование минатата година беше 11.300.000.000 долари. Стапката на писменост е 97.9% - кај мажите стапката е 99.2%, а кај жените 96.6%.

2. Јапонија

Образовната структура базирана на технологија ѝ обезбеди на оваа земја одлични резултати.

3. Сингапур

Сингапур има силен и високо раниран систем на основно образование. БДП по глава на жител е 64.584 долари.

4. Хонг Конг

Менаџментот на образованието е сличен како оној на Велика Британија. Образовниот буџет минатата година беше 39.420 долари по глава на жител. Основното, средното и високото образование се примерни во нивниот пристап и работа. Англискиот и кантонски кинески се мејнстрим јазиците за едукативни тестови. Стапката на писменост е 94.6%.

5. Финска

Стариот шампион изгуби од неговите азиски ривали. Голем број луѓе се'уште сметаат дека Финска се'уште го има најдобриот образовен систем во светот. Меѓутоа, предвременото пријавување на децата во образованието се смета за голем недостаток во системот.

6. Велика Британија

Велика Британија е втора земја со најдобар образовен систем во Европа, и 6-та на светската ранг листа. БПД по глава на жител е 38.711 долари.

7. Канада

Англискиот и францускиот јазик се главни јазици, а стапката на писменост изнесува 99% (и кај мажите и кај жените). Образованието е задолжително до 18 години, а образовниот календар варира помеѓу 180 и 190 дена.

8. Холандија

Ниските инвестиции, слабото планирање и управувањето со средното образование ја стави Холандија на 8-то место. БДП по глава на жител изнесува 42.586 долари.

9. Ирска

Во Ирска, стапката на писменост изнесува 99% и за мажите и за жените. Образованието е бесплатно за сите нивоа - основно, средно и високо. Студентите од Европската Унија плаќаат само школарина. Ирската влада издвојува 8.759 милијарди евра годишно за образованието.

10. Полска


Полското министерство за образование го води бизнисот во државата. Оваа земја е 4-та најдобра во Европа и 10-та најдобра во светот поради добро воспоставените основни и средни образовни бази. БДП по глава на жител изнесува 21.118 долари.

11. Данска

Образовната структура на Данска се состои од предучилишно, основно, средно, високо образование и образование за возрасни. Средното образование е поделено во гимназија, повисоко подготвително и повисоко комерцијално како и повисоки програми за техничко и стручно образование. Образованието е задолжително за децата на возраст до 16 години.

12. Германија

Германија е посветена на развој на еден од најдобрите образовни системи во светот. Образованието е целосно државно прашање, и нема никаква врска со федералната влада. Градинката е изборна, меѓутоа средното образование е задолжително. Германските универзитет се меѓу едни од најдобрите институти во светот.

13. Русија

Стапката на писменост е 100%. Анкета од Светската банка открива дека 54% од руската работна сила има високо образование што несомнено е на највисоко достигнување во светот.

14. Америка

Многумина го сакаат американскиот образовен систем, меѓутоа и покрај тоа што оваа земја е добро развиена и има една од најсилните економии во светот, образовниот систем не е ниту меѓу првите 10.

15. Австралија

Годишниот буџет на Австралија е повеќе од 490 милиони долари. Стапката на писменост е 99%. Државите и териториите имаат целосна контрола врз нивните образовни системи. PISA го оценува системот на Австралија во рамки на читање, наука и математика на 6-то, 7-мо и 9-то место.

16. Нов Зеланд

Англискиот и маорскиот се главните јазици на кои се спроведува образованието. PISA вели дека оваа земја се наоѓа на 7-мо место кога станува збор за наука и читање, и 13-то место по математика.

17. Израел

Хебрејскиот и арапскиот јазик го поддржуваат образованието во земјата. Стапката на писменост на мажите и жените е 100%. БДП по глава на жител изнесува 35.658 долари.

18. Белгија

Федералната влада игра минимална улога во спонзорирањето и финансирањето на образовниот систем на заедницата. Образованието е задолжително се' до средно образование. Сите заедници ги следат истите фази на образование.

19. Чешка


Образованието е бесплатно и задолжително до 15 години. Образовниот систем воглавно има пет поделби вклучувајќи предучилишно, основно, средно, колеџ и универзитет.

20. Швајцарија

Образованието е во рацете на кантоните. Основното образование е задолжително. 10 од сите универзитети се во сопственост и управа на кантоните, додека другите 2 се под федерална надлежност управувана и контролирана од Државниот секретаријат за образование, истражување и иновации.

 

Maкедонија не се најде ниту меѓу првите 40 земји.


Карактеристики на успешниот образовен систем


Наставата се одржува во однос на кариерата и носи покачен социјален статус, дури и ако не е добро платен кариерен избор.

Доброто образование е социјално награден, па дури и децата сакаат да имаат добри резултати за да се сметаат добро образовани.

- Училиштето започнува на 7 години
- Децата немаат домашни задачи
- Нема испити до 13 години
- Сите часови нудат различни способности
- Во училницата има максимум 16 деца
- Многу паузи во текот на училишниот ден
- Обука за наставници за усовршување
- Обуката на наставниците е платена од владата