Правила во јапонското образование - еден од најдобрите образовни системи во светот

Правила во јапонското образование - еден од најдобрите образовни системи во светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Јапонците се познати во светот како доста интелигентен народ, кои можат да се пофалат со својата долговечност и љубезност кон сите. Но, зошто тие се толку различни од останатиот дел од светот? Одговорот лежи во нивниот образовен систем кој уште од рана возраст ги учи децата кои се вистинските вредности во животот.

 

јапонија


Манирите пред знаењето

Во Јапонија децата не полагаат никаков тест пред да наполнат 10 години. Тие до тогаш решаваат мали тестови за да не се преоптоваруваат премногу. Тие веруваат дека првите три години децата треба да учат манири и да ја развиваат сопствената личност. Децата учат како да ги почитуваат другите и да бидат нежни кон животните и природата, а учат да бидат великодушни и солидарни и развиваат карактеристики како што е самодовербата.

Училишната година започнува во април

Додека голем број училишта низ светот започнуваат со настава во септември или октомври, во Јапонија училиштата започнуваат во април. Една од причините е тоа што тогаш цвета познатата јапонска вишна. За учениците наставата е поделена во три семестри - од 1 април до 20 јули, од 1 септември до 26 декември и од 7 јануари до 25 март.

Учениците ги извршуваат обврските на служителите

Во јапонските училишта децата сами ги чистат училниците, мензите и тоалетите. Тие се поделени во мали групи и нивните задолженија ротираат во текот на целата година. Нивниот образовен систем верува дека така учат тимска работа, но и дека овие активности им помагаат повеќе да го ценат и својот труд и туѓиот.

Ручекот се јаде во училниците

На менито секогаш им се наоѓа здрава храна од природни состојки која се јаде во училниците. Тие јадат заедно со наставниците со што ја зацврстуваат врската со нив.

Популарни се воннаставните активности

Повеќето деца после училиште одат на различни курсеви за да се запишат на подобри факултети и средни училишта. Освен што поминуваат 8 часа на училиште, на воннаставните активности поминуваат уште 4 часа.

Не ја запоставуваат својата историја

Освен што учат традиционални предмети, Јапонците често ги откриваат магиите на поезијата. На тој начин тие учат да ја зачуваат својата култура и да ја почитуваат туѓата.

Сите носат униформи

Скоро сите основни и средни училишта во Јапонија имаат униформа. Така се отстрануваат социјалните бариери и се спречува класната нееднаквост. На училиште сите се исти.

Посетувањето на часови е на завидно ниво


Во Јапонија скоро никој не бега од часови, такашто процентот на посетеност на часовите е 99.99%. Повеќе од 91% од испитаниците во Јапонија признаваат дека не бегале од часови.

Еден тест им ја открива иднината


На крајот од средното образование, сите деца полагаат тест кој им го олеснува изборот на факултет. Тие избираат на кој факултет сакаат да одат, а ако не ги исполнуваат условите тие обично се откажуваат од студирањето. Но, 76% од студентите се запишуваат на факултетот што го сакаат.

Одењето на факултет им е одмор

Откако во средно образование се изложени на поголем број тестови, Јапонците во текот на факултетските денови се одмараат. Тие овој период го нарекуваат „одмор пред одење на работа“.