Револуција во стоматологијата - повеќе нема пломбирање

Револуција во стоматологијата - повеќе нема пломбирање

Подготвил: Тамара Гроздановски

стоматолог 

 

Никој не се радува на посетата на стоматолог поради пломбите и непријатното чувство додека му се поправаат забите. Но, сега постои друга револуционерна можност: антимикробна течност која може да се стави на кариесот за да се запре расипувањето на забот - и сето ова безболно. Течноста се нарекува сребрен дијамин-флуорид или SDF.


Истражувањата покажуваат дека SDF може да го запре развојот на кариесот, па дури и да го спречи, а стоматолозите во Америка веќе започнале да го користат овој метод кој во Јапонија се користи со децении. „Голема предност е тоа што не мора забот да се отвора и не се потребни инјекции“, вели Д-р Маргарита Фонтана, професор на Универзитетот во Мичиген.

Доктор Ричард Нидерман, директор на одделението за епидемиологија и унапредување на здравјето на Стоматолошкиот универзитет во Њујорк, вели: „Можноста за нанесување на оваа течност за помалку од 30 секунди без дупчење и болка е подобар, побрз и поевтин начин“.

„Им го препорачувам на сите родители да започнат со ваков третман. Многу е помала траумата за детето“, додава тој.

Главниот недостаток е естетската природа: течноста го затемнува кариесот на забот. Додека ова може да не претставува проблеми кај умниците или млечните заби, некои пациенти ја отфрлаат идејата за темна дамка на видлив заб.

Оваа течност особено може да биде корисна за децата. Кај некои деца на предучилишна возраст со тежок случај на забен кариес мораат да се искористи општа анестезија, иако тоа претставува ризик за развојот на мозокот.

„Течноста SDF ни дава можност да го намалиме бројот на децата на претшколска возраст со кариес кои мораат да се подложат на операција“, вели Д-р Арва Овајс, професор по детска стоматологија на Универзитетот во Ајова. Течноста има уште една предност: ги убива бактериите кои предизвикуваат кариес. Другиот третман, објавен после 6 до 18 месеци видно го запира напредокот на кариесот.

„Сребрениот дијамин-флуорид ја намалува појавата на нов и развивање на постоечки кариес до 80%“, вели Д-р Нидермен.

Спротивно на тоа, пломбирањето не ја лекува оралната инфекција.

Течноста исто така може да им помогна на децата кои често патат од сериозен кариес ако нивните заби темелно не се мијат.

Пациентите со рана во устата или алергија на сребро не смеат да ја користат течноста, а големите дупки во кои се насобираат храна и наслаги, сепак бараат пломбирање.