Експериментална видеоигра којашто ги претвора играчите во поети и писатели

Експериментална видеоигра којашто ги претвора играчите во поети и писатели

Подготвил: Б.Б.

Група „поети“ меѓу програмерите, креираа видеоигра којашто не ви го троши залудно слободното време, а ги поттикнува вашите креативни потенцијали. Имено, се работи за играта Елегија за мртвиот свет на Диџобан (Dejobaan) студиото за развој на видеоигри стационирано во Бостон.

 

Мисијата на играта е да се истражат „мртвите“ цивилизации на романтичарското трио Бајрон, Шели и Китс, коишто некогаш живееле таму. Како протагонисти, од вас се очекува да ги (за)пишувате вашите авантури со остатоците од световите на тројцата поети. Вие сте наратор на вашите ексклузивни искуства, коишто имате можност да ги споделувате со другите играчи на оваа игра. Елегијата може да побара од вас да напишете краток расказ или песна, а можеби и поема, за војната, судбината и последните денови.

 

Како што велат креаторите: „Најважно ни е оној што ќе седне да ја искуси играта да има позитивно искуство, правејќи нешто креативно.“

 

Играта е одлична вежба за учениците и студентите во надминување на пишувачките блокади и во мотивирање на чувството на корисност.

 

 

Необична видеоигра.