Одлични активности за децата покрај Pokemon Go
Подготвил:
Светлана Петковска
Секојдневно како родител се соочувате со ситуации да му велите на вашето дете да излезе надвор на свеж воздух, а тоа значи нема компјутери, ТВ или било кој друг електронски уред. Ставот кон видео игрите и интернетот се менуваше како што вашите деца растеа, но дури и со високото ниво на толеранција за електронска забава, се чини дека е невозможно да се рече доста на играње Pokémon Go. Ви предлагаме 5 активности за поминување на летните денови на вашето дете без Pokémon Go.
Куглање
Иако оваа активност не е на листата на децата како омилен спорт, куглањето може да биде одлично во секоја сезона. Не бара трчање, но е одличен начин да останат физички активни и здрави.
Активности во библиотека
Има толку многу нешта да се истражат во библиотека. Ако вашите деца играат Pokémon Go вие можете да ги намамите со проверување на некои книги. Не е тајна дека локалните бизнисмени истражуваат искористување на сите можности што ги овозможува Pokémon Go со промотивни понуди. Библиотеките исто така сакаат да извлечат корист од маркетинг можностите. Може да се најдат значки врз основа на она што играчите може да го добијат во постарите Pokémon игри, како и со пополнување на книги и други активности поврзани со библиотека.
Свирење на музички инструмент
Pokémon Go е за обучување да станите најдобра верзија од себе. Вие може да ја поттикнете оваа потрага по совршенство и да го охрабрите вашето дете да работи на развивање на различни вештини како што е свирењето на музички инструмент. Ако живеете во селска област и не сакате да се посветувате на возење во градот еднаш неделно, онлајн музичките часови се одличен начин да ви заштедат време и пари, додека детето ќе работи со високо квалификувани учители.
Одење на кампување
Кампувањето е класична отворена активност, која вклучува многу спортски активности на отворено и разновидни авантури. Освен тоа постои слаба бежична поврзаност на интернет за време на деновите на кампување.
Одење во зоолошка градина
Повеќето игри на Pokémon се поврзани со светот на вистинските животни. Се од лавови до тигри и мечки се опфатени во пантеонот на Pokémon. Охрабрете го вашето дете да дознае како кое животно изгледа Pokémon и да науче повеќе за животните.