Најдобрите одговори на класичното прашање на интервју за работа

Најдобрите одговори на класичното прашање на интервју за работа

Подготвил: Тамара Гроздановски

Кои се најдобрите одговори на прашањето „Зошто треба да ве вработиме?“ - Ова прашање се појави на познатата веб страна „Quora“, а еве што вели експертот Том Саливан.

 

работа


Повеќето луѓе на ова прашање ќе одговорат такашто ќе го опишуваат своето искуство или образование и ќе набројуваат вештини како: работлив, лојален, тимски играч и слично, меѓутоа тоа е погрешно.

Кога станува збор за ова прашање, би требало да зборувате за тоа што би направиле за да ја подобрите компанијата. Кои идеи ги имате вие, со кои би се олеснила работата и животот на оние кои ве интервјуираат? Започнете со тоа.

Зошто? Затоа што се „продавате себеси“ (не го сфаќајте ова погрешно) и сакате да ги искористите докажаните и ефективните стратегии за продажба. На кратко, би требало да „продадете приказна“. Но, позади приказната мора да има реални докази со кои ќе покажете дека тоа и ќе биде така. Како што пишува Том Саливан правилото број еден е секогаш да се зборува за благосостојбата отколку за карактеристиките.

Во оваа ситуација, со тоа што ќе придонесете компанијата да биде добра и со тоа што ќе им го олеснете животот на оние кои ве интервјуираат, претставува благосостојба за нив. Вашите искуства, образование, вештини и знаење се само карактеристики кои се потпираат на вашиот придонес за компанијата.

Карактеристиките ќе ве донесат до вратите на компанијата, но потенцијалниот придонес ќе ви овозможи да ја добиете работата.

Затоа, одговорот на прашањето: „Зошто треба да ве вработиме?“ започнете го прво со вашиот (иден) придонес, а после него нека следуваат вашите карактеристики.

За да ви  биде појасно, во продолжение следуваат неколку примери.

Придонес:

- Имам план за овие маркетиншки идеи да се поефективни и да раскажат приказна затоа што оваа компанија е одлична. Исто така, тие ќе придонесат луѓето повеќе да ги купуваат вашите производи.

- Ќе го подобрам визуелниот дел од вашата компанија, од постер до видео-спот, за вашиот бренд да е препознатлив и забележлив.

Карактеристики:

- Имам неколку години искуство во развивање на добри маркетинг кампањи, како и доста контакти во оваа област.

- На факултет посебно изучував курс за логоа и брендови, такашто теоретски сум прилично поткован/а за оваа тема.

- На последното работно место управував со сопствен тим во областа на маркетингот, такашто знам што значи да се соработува со другите и да се води маркетинг кампања.