Предвидувањето на Тесла од 1926 година кое се реализира денес

Предвидувањето на Тесла од 1926 година кое се реализира денес

Подготвил: Тамара Гроздановски

Без сомнение, Никола Тесла бил човек од иднината. Можеби не можел да патува од иднината во минатото, меѓутоа неговиот ум бил и тоа како понапред во 1926 година. Всушност, пред речиси 100 години, Тесла го предвидел паметниот телефон.

 

tesla


Неговите пронајдоци отишле подалеку од електричната енергија. Тој ги создал безжичните радио комуникации, турбините, хеликоптерите (иако Да Винчи прв ја добил идејата), флуоресцентните и неонските светла, и многу други пронајдоци. До неговата смрт, Тесла имал речиси 700 патенти.

„Постои разлика помеѓу напредокот и технологијата; напредокот дава одлични придобивки за човештвото. Технологија не го прави секогаш тоа“.

Со децении, овој пронаоѓач ги фасцинирал научниците и истражувачите. Тесла бил роден во време кое се совпаѓа со античкото Зохарик пророштво кое зборува за отворањето на портите на мудроста на земјата.

Никола Тесла е еден од најважните научници во историјата на човештвото кој не е присутен во историските книги. Денешните генерации заслужуваат да знаат за неговата генијалност.

Во интервјуто „When woman is boss“ Никола Тесла го предвиде појавувањето на паметните телефони, уред без кој повеќето од нас не можат да живеат денес.

„Кога безжичната мрежа ќе биде совршено поставена, светот ќе се претвори во еден голем мозок. Ќе бидеме во можност да комуницираме еден со друг во истиот момент, без оглед на далечината. И не само тоа, туку преку телевизијата и телефонијата ќе можеме да се гледаме и слушаме едни со други толку совршено како да сме лице в лице, и покрај тоа што ќе бидиме на илјадници километри оддалечени; а инструментите преку кои ќе можеме да го извршуваме ова ќе бидат неверојатно едноставни во споредба со сегашните телефони.

Кога безжичниот пренос на електричната енергија ќе се комерцијализира, транспортот и преносот ќе биде револуционизирани“.