Сите истражувања на НАСА стануваат достапни бесплатно на интернет

Сите истражувања на НАСА стануваат достапни бесплатно на интернет

Подготвил: Марта Димитров

НАСА објави радосни вести за сите со афинитети и интереси за наука: сите истражувања ќе бидат јавно достапни на нова интернет страна.

 

наса

Новиот портал PubSpace ќе објавува истражувања и податоци финансирани од НАСА во период од една година. Ова вклучува и научни списанија и весници што често се недостапни заради потребата да се плати членство.

„Во НАСА се радуваме на оваа можност да го прошириме пристапот на нашето портфолио на научни и технички публикации,“ изјавил за медиумите Дава Њумен, заменик администратор во НАСА. „Преку отворен пристап и иновации ја покануваме глобалната заедница да ни се придружи во истражување на земјата, воздухот и просторот.“

Ова залагање се должи на барањето на владата научните агенции да се направат потранспарентни и подостапни. Од НАСА очекуваат дека зголемениот јавен пристап ќе го забрза ширењето на информациите, ќе поттикне интереси, и ќе придонесе за напредок во научните сознанија на глобално ниво.

Од Европската Унија е навестено дека се планира и нивните научни истражувања да ги направат достапни до 2020 година.

„Со олеснувањето на пристапот на нашите податоци, во голема мера ќе се зголеми влијанието на истражувањата,“ вели Елен Штофан, главен научник на НАСА. „Како научници и инженери, ние градиме на основа поставена од другите.“

Истражете повеќе на овој линк: https://www.nihms.nih.gov/db/sub.cgi.