Мудрата животна лекција на една мајка до својата ќерка

Мудрата животна лекција на една мајка до својата ќерка

Подготвил: Тамара Гроздановски

Млада мајка од Тенеси, на Фејсбук сподели фотографија со текст во кој раскажува за тоа како на својата ќерка ѝ одржала лекција пред почетокот на училишната година.

 

мајка


Нејзиниот пост предизвика воодушевување низ интернет просторот, такашто ја поддржаа многу мајки ширум светот.

Ејми Бет Гарднер, мајка на две девојчиња, ја научила својата ќерка Браони она што на училиште наставниците не го кажуваат, а ќе ѝ биде потребно во текот на целиот живот.



„Мојата ќерка утре започнува во јуниорско средно училиште. Го средивме нејзиното шкафче, ѝ купивме униформа и ја изненадивме со нова чанта. Сепак, вчера пред легнување направив уште една работа, која е поважна од овие другите. И' ја дадов пастата за заби и ѝ реков да ја истури во чинијата. Кога заврши ѝ реков да ја врати во тубата, на што ми одговори дека е невозможно, дека не може тоа да го направи и дека нема да изгледа како претходно.

„Ќе ја запомниш оваа чинија со паста за заби остатокот од животот. Твоите зборови имаат моќ за живот или смрт. Како што ќе стигнеш до средно, ќе сфатиш колку тежина носат твоите зборови. Ќе имаш можност да ги искористиш за да повредиш, понижиш и клеветиш други луѓе. Исто така, ќе имаш можност да ги искористиш за да ги излекуваш, инспирираш и сакаш другите. Повремено ќе направиш погрешен избор; се сеќавам на три пати кога оваа недела јас ги искористив моите зборови без воопшто да се грижам и предизвикав штета. Исто како оваа паста за заби, откако твоите зборови ќе излезат од устата, не можеш да ги вратиш. Користи ги внимателно, Бреона. Кога другите ги злоупотребуваат нивните зборови, ти чувај ги твоите. Секое утро избирај да кажуваш животворни зборови. Одлучи вечерва да бидеш давател на животот во средно училиште. Биди позната по твојата нежност и сочувство. Користи го твојот живот за да дадеш живот на светот на кој очајно му е потребен. Никогаш, никогаш нема да зажалиш ако избереш добрина“.

Со оваа лекција Ејми успеа да допре до својата ќерка, но и до милион други луѓе кои ги прочитаа нејзините зборови.

После големото внимание кое го привлече нејзиниот пост, Ејми била воодушевена што многу родители ширум светот одлучиле да го следат нејзиниот пример, меѓутоа била исто толку разочарана што луѓето го исмејувале името на нејзината ќерка.

Затоа, во следниот пост таа ја научила нејзината ќерка уште една лекција: дека не може да знае нечија приказна и не треба да му суди никому.

Ејми открива дека таа не го избрала нејзиното име, бидејќи Бриона била посвоена на 9 години.