2700 студенти од втора и повисоките студиски години аплицирале за легло во студентските домови

2700 студенти од втора и повисоките студиски години аплицирале за легло во студентските домови



2700 студенти од втора и повисоките студиски години аплицирале за легло во студентските домови. Рокот за пријавување заврши вчера додека пријавувањето на бруцошите се уште е во тек, истакна денеска заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

-На огласот се објавени 5600 слободни места за сместување во студентските домови. Досега се пристигнати 2700 апликации. Во меѓувреме тече електронското пријавување за студентите од прва година. На крајот на месец август во период од 29 август ќе биде и формалната достава на документација од страна на заинтересираните бруцоши за сметување. Согласно нашите очекувања и искуства од минатите години се движиме во рамки на очекуваните апликации и очекувам целосно да бидат пополнети капацитетите на студентските домови во Р. Македонија, рече Ристовски.

Конечниот список за прием на студентите од втора година и повисоките години ќе се објави на 31 август на огласните табли во студентските домови и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk. Незадоволните кандидати потоа, имаат рок од 5 дена за достава на приговор.

Eлектронското пријавување на студентите од прва година трае од 20 до 28 август. Овие студенти, сите потребни документи ги доставуваат до Министерството за образование и наука, односно домовите во кои конкурираат во периодот од 29 август до 2 септември. За нив се наменети 20% од вкупниот број на легла што се превидени за годинашниот конкурс.

Вообичаено при распределбата на вкупниот број на расположливи места во домовите, 40 проценти се предвидени за првата група на студенти од поранливите категории, како и деца без родители и родителска грижа, деца со посебни потреби, деца на корисници на социјална парична помош и постојана парична помош, деца на самохран родител, деца на невработени родители и деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини. 25 проценти од вкупниот број на расположивите места во домовите се за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, а 35 проценти се за останатите категории на студенти.

Подетални информации за условите за прием, потребните документи за пријавување, како и бројот на легла за секој студентски дом се достапни на следниот линк.