Фото: Италијанското гратче Аматриче пред и после земјотресот

Фото: Италијанското гратче Аматриче пред и после земјотресот

Подготвил: Тамара Гроздановски

italija

 

Земјотрес со јачина од 6.2 степени ја погоди централна Италија, со епицентар на 100 километри североисточно од Рим и длабочина од 4 километри.


Италијанскиот град Аматриче скоро целосно беше разурнат во земјотресот. Градоначалникот Серџо Пироци изјави дека се'уште се во тек активностите за спасување на луѓето кои се најдоа под урнатините.

„Патиштата кои водат во градот и надвор од градот се отсечени. Половина град е разрушен. Слушаме гласови на луѓето под урнатините. Дојде до лизгање на земјата, а постои и опасност да се сруши и мостот“, изјави градоначалникот.

Целиот центар на малечкото гратче исчезна поради земјотресот, а пред оваа природна катастрофа неговите камени улици го разубавуваа старите симпатични куќи и малечките ресторани.

Моментално бројот на мртви се искачи на 60, a повеќе од 150 луѓе се под урнатините на трите градови кои беа најпогодени од земјотресот. 

 

ГАЛЕРИЈА