Оглас за вработување во Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија

Оглас за вработување во Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија

Врз основа на член 22 став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14 и 27/16), член 22 став 1 алинеја 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2010, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 33/2015, 72, 2015, 129/2015 и 27/2016), Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 02/2016
за вработување на 3 (три) посебни советници во кабинетот на министерот за информатичко општество и администрација на определено време

Министерството за информатичко општество и администрација објавува оглас за вработување на 3 лица на определено време, до истекот на мандатот на министерот, на следниве позиции:

1. Посебен советник од областа на ИКТ - 1 извршител

Потребни квалификации: високо образование од областа на информатичките науки, најмалку 5 години работно искуство во имплементација на комплексни ИКТ проекти и одлично познавање на англиски јазик.

2. Посебен советник од областа на правните науки, најмалку 5 години работно искуство во областа на правото, работа со програми за канцелариско работење и одлично познавање на англиски јазик.

Покрај горенаведените потребни квалификации, кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да се државјани на Република Македонија и со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Работно време од 8:30 - 16:30 часот, односно 40 неделно; нето плата 36.800,00 денари.

Заинтересираните кандидати треба да ја достават следната документација: мотивационо писмо, кратка биографија, копија од уверение за државјанство, доказ за работно искуство, копија од диплома за завршен факултет, како и други дипломи и сертификати кои ги поседуваат а се релевантни за работното место.

Потребната документација да се достави во затворен коверт директно до Архивата на Министерството за информатичко општество и администрација, или по пошта на следнава адреса:

Министерство за информатичко општество и администрација
бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје
Кабинет за министер
(со назнака „за оглас за вработување“)
Лице за контакт: Љупка Ивановски 02 3200 870

Рокот за оставување на потребната документација е пет (5) дена, сметано од денот на објавување на огласот, односно најдоцна до 29.08.2016 година до 16:30 часот.

Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана.

По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Министерството.

Министерството ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Закоот за работните односи.