Скопјанецот Демири си доби милионче

Скопјанецот Демири си доби милионче

Најновиот, вкупно деветти по ред, милионер во Македонија, својот милион го заработи играјќи Милионер Џек Пот на Државна видео лотарија на Македонија. Скопјанецот Демири  го збогати списокот среќни добитници на ДВЛМ.



Тој на 19.08.2016  забавувајќи се на видео лотариските терминали на ДВЛМ во обложувалницата Спорт Лаиф Треид Маџари 1, освои добивка вредна 1.376.494 денари. Таткото на три прекрасни дечиња, често се забавува на овој начин. Досега добивал помали добивки. Ова е прва поголема добивка, а на нејзината вредност се радуваше целото семејство.

Тимот на ДВЛМ и Спорт Лаиф, заедно со летечкиот Македонец Игор Стефановски Иџе во обложувалницата Спорт Лаиф  му го доделија вредносниот ваучер, кој гласеше на  добитниот износ -1.376.494 денари.

Спорт Лаиф се првиот деловен соработник на  ДВЛМ. Во нивните обложувалници беа инсталирани првите ВЛТ апарати.

Во август, ова е веќе трет среќен добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, а вкупно деветти од стартувањето на Џек Пот добивките. Овој месец, покрај Демири, на милионите од МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ им се радуваа и Арсим Ј од Куманово, кој на 04.08.16 освои 1.326.616,00 денари, како и Љупчо Наќевски од Скопје, кој на 12.08.16 освои 1.367.200,00 денари.