Дознајте дали сте попаметни од просечна личност

Дознајте дали сте попаметни од просечна личност

Подготвил: Тамара Гроздановски

Научниците со векови се обидувале да ја измерат интелигенцијата, а тестовите за интелигенција се само еден начин за мерење.

 

iq


Сепак, голем дел од научниците ги критикуваат овие IQ тестови бидејќи тие мерат само еден аспект од интелигенцијата. За среќа, постојат и други начини кои покажуваат дека сте попаметни од една просечна личност.

1. Зборувате повеќе од еден јазик


Истражувањата покажуваат дека зборувањето повеќе од еден јазик може да ја намали стапката на болести како Алцхајмеровата. Исто така, влијае врз развивањето на мозокот и ефикасноста.

Колку повеќе јазици зборувате, толку поефикасен е вашиот мозок. Британскиот актер Том Хидлстон се смета за голем интелектуалец, а тој зборува неколку јазици вклучувајќи ги: шпанскиот, францускиот, грчкиот, корејскиот, латинскиот и рускиот.

2. Имате IQ повисоко од 100


Просечниот IQ кај луѓето е 100. Сепак, треба да имате во предвид дека IQ е само една мерка на интелигенцијата, но може да се користи како индикатор.

3. Најстаро дете сте


Едно истражување открива дека најстарите деца имаат повисоко IQ на тестовите од околу 3 поени отколку нивните помлади браќа/сестри. Ова не е генетски наследно и е поврзано со семејните интеракции во домот.

4. Омилено домашно милениче ви е мачката

Оние луѓе кои сакаат мачки се помалку друштвени, меѓутоа истражување спроведено врз 600 универзитетски студенти открива дека 11% од оние кои повеќе сакаат мачки од кучиња, имале повисоки поени на тестовите за мерење на личноста и интелигенцијата.

5. Пиете


Неколку истражувања ја потврдуваат врската помеѓу високата интелигенција и пиењето алкохол. Според истражување од 2013 година, универзитетските дипломци пиеле повеќе како што старееле, во споредба со луѓето кои не завршиле факултет. И не само тоа - паметните деца генерално растат како луѓе кои пијат повеќе алкохол отколку нивните помалку паметни врсници.

6. Имате завршено факултет

Иако многу луѓе се запишуваат на факултет, сепак не сите успеваат да завршат и да добијат диплома.

7. Пишувате со лева рака

Само 10% од луѓето во светот пишуваат со лева рака. Иако никој не знае што го предизвикува пишувањето со лева рака, постојат истражувања кои покажуваат дека овие луѓе имаат подобри когнитивни способности.

8. Премногу се грижите

Очигледно, грижењето и не е толку лоша работа. Еден научник спровел истражување врз 126 додипломци - тие пополниле прашалник за тоа колку често размислуваат за нешто што ги вознемирило - резултатите покажале дека оние кои се грижеле најмногу имале повисоки поени на тестовите по вербална интелигенција.

9. Духовити сте


Истражување за тоа како ја перцепираме атрактивноста открива дека луѓето кои имале високи резултати во апстрактното резонирање и вербалната интелигенција биле духовити - карактеристика која придонела за нивната атрактивност.

10. Мрзеливи сте

Истражувачите од FGCU откриваат дека на интелигентните луѓе ретко им здосадуваат сопствените мисли. Тие со часови можат да седат изгубени во мислите. Истражувачите забележале дека оние кои сакале да избегнат ментално размислување имале тенденција да се поактивни.

11. Се сомневате во сопствената интелигенција


Здрава доза на сомнеж во себеси открива дека сте поинтелигентни. Античкиот грчки филозоф Сократ еднаш рекол: „ Единствената вистинска мудрост е во сознанието дека не знаете ништо“.

Данинг-Кругер ефектот, забележан во 1999 година од Џастин Кругер вели дека интелигентните луѓе полесно можат да ги откријат и поправат своите грешки.