Како НАСА ги одржува астронаутите разумни?

Како НАСА ги одржува астронаутите разумни?

Подготвил: М.П.

<

Кога сте во вселена, никој не може да ве чуе ако доживувате нервен слом. Истражувањето на вселената само по себе носи фасцинантни сознанија, но и екстремни ситуации и различна средина. Најтешко им е на оние кои тоа лично го искусуваат, а тоа се астронаутите. Тие се изложени на тешка психичка ситуација и тоа на подолг период , бидејќи мисиите кои НАСА ги реализира се вообичаено долги.

НАСА има инвестирано многу пари во начините за одржување на психичкото здравје на своите астронаути. Имаат и напишани правила и процедури кои ги следат за да се спречат психотични и самоубиствени епизоди на астронаутите за време на нивниот престој во вселената.

Многу честа појава кај астронаутите е клаустрофобијата, чувството на изолација, тешкотии при спиењето.

Идејата за психолошките методи произлегува уште од руските мисии кон крајот на 70-те години, бидејќи астронаутите биле присутни во вселената повеќе од 6 месеци. За тој период астронаутите покажале знаци на психолошка нестабилност.

Во сегашно време, селектирањето на кандидати во НАСА условува поседување на 9 соодветни вештини. Ова значи дека само кандидатите со најголема ментална стабилност ќе бидат избрани. Тука се вклучени способноста за живеење во групи, самоконтрола на емоциите и расположението, како и расудување и вештина за брзо донесување одлуки.

Астронаутите се информирани за нивниот престој во вселената две години пред да започне мисијата. Тоа им дава доволно време за да се подготват. За тој период експертите на нив ја применуваат таканаречената „медицина на однесување“. Се среќаваат со астронаутите постојано а им овозможуваат и тренинзи за астронаутите да можат да си ги препознаат влошувањата на состојбите кај екипажот додека се на мисија. Кога се веќе во вселената, астронаутите зборуваат со експертите секоја втора недела преку видео-линк. Ги известуваат за целокупната нивна состојба. Психолозите исто така на астронаутите им ги обезбедуваат нивните омилени хобија и занимливости, како ТВ серии и слично.

И по враќањето на Земјата , психолозите повторно разговараат со астронаутите, постепено прилагодувајќи ги на старите навики и начин на живот.

Интересен факт, но и застрашувачки е тоа што задоцнувањето во комуникацијата помеѓу Земјата и на пример планетата Марс е 45 минути. Многу долг период за некој што можеби доживува нервен слом. На нив им е потребна итна интервенција, а „AI“ технологијата може да овозможи брзо реагирање.

Она што се постигнува во вселената и реализацијата на многубројните мисии предизвикува астронаутите да ги гледаме со воодушевување и восхит. Но, под нивната вселенска опрема, тие се само луѓе. Технологијата секојдневно се развива и напредува, но и покрај тоа, на луѓето им е потребна и терапија за да не приземји и смири.