Направете реплика од мистериозното радио за духови на Тесла

Направете реплика од мистериозното радио за духови на Тесла

Подготвил: Тамара Гроздановски

Видеото подолу ви прикажува начин како можете да создадете реплика од мистериозното радио на Никола Тесла кое тој го создал пред речиси сто години.

 

тесла


„Физиката се протега подалеку од она што денес е научно познато. Иднината ќе покаже дека она што денес го нарекуваме натприродно ќе биде основа на науката која се'уште не е развиена“, изјавил Тесла.

Никола Тесла создал толку многу работи - едно од овие чудни пронајдоци е и таканареченото „радио за духови“ кое генерира чудни звуци, фаќајќи секаков вид на електромагнентни извори.

„Мојата прва забелешка позитивно ме преплаши, затоа што имаше присуство на нешто мистериозно, да не речам натприродно, а јас бев сам во мојата лабораторија во текот на ноќта“, изјавил Тесла во 1901 година.

 

тесла


„Звуците кои ги слушам секоја вечер најпрво изгледаат како човечки гласови кои разговараат на јазик за мене непознат. Тешко ми е да замислам дека слушам вистински гласови од луѓе кои не се од оваа планета. Мора да постои едноставно објаснување“, изјавил Тесла во 1918 година.

Доколку сакате да се обидете и да создадете вакво радио, видеото подолу ви ги нуди инструкциите кои треба да ги следите.