Ова е најмистериозната книга во светот

Ова е најмистериозната книга во светот

Подготвил: Светлана Петковска

Шпанска издавачка куќа доби дозвола да испечати копии од “Voynich Manuscript“, книга од 15 век напишана на еден мистериозен кодиран јазик, кој никој не дозна од каде потекнува. Со векови научниците се обидуваа да го дешифрираат текстот, а некои од светски познатите криптографи ги посветија своите животи за да ја решат загатката. Но никој не дојде доволно блиску за да открие, но сега со речиси 900 копии на пазарот, можно е да го имаме одговорот.

Во моментот ракописот е заклучен во трезорот на универзитетската библиотека “Beinecke Rare Book & Manuscript Library“, а поради староста на книгата и неверојатната реткост, многу малку луѓе ја имаат разгледано, а за тие што се обиделе тоа било искуство што не се заборава.

мистериозна книга излегува во печат 


“Да се допре книгата е вистинско доживување. Се работи за книга со таква аура и мистерија што кога ќе ја погледнете за прв пат ве исполнува со емоции што тешко е да се опише со зборови“- вели Хуан Хосе Гарсија, директор на шпанската издавачка куќа “Siloe“.

Досега на ниту една издавачка куќа во историјата не и било дозволено да пристапи до ракописот и да прави копии, но по 10 години упорно барање, “Siloe“ успеа во својата цел. Точно 898 примероци на “Voynich“ наскоро ќе бидат достапни за јавноста, за цена од 9000 американски долари за еден примерок, со секоја дамка, дупка и солза од оригиналниот документ.

мистериозна книга излегува во печат 


За што се работи во книгата?


Со векови се верувало дека е напишана во 13 век од англо-францускиот монах и “волшебник“ Роџер Бејкон, (
Roger Bacon) кој беше толку опседнат со алхемијата и магијата што заврши во затвор.



Наместо да биде именувана по вистинскиот автор, книгата е именувана по литванскиот собирач на стари написи, Вилфирд Војних (
Wilfrid Voynich) кој наводно ја купил во 1912 година како колекција на ретки книги, што припаѓале на Језуитите во Италија, кој беше одговорен за популарноста на оваа книга.

мистериозна книга 


Она што е невообичаено за ракописот е дека содржи многу илустрации, што се свртуваат надвор од границата на страната, преполнет со текст во шарени и надреални претстави на бизарни растенија, човечки фигури и непознати соѕвездија.

Некои од фотографиите се прилично вознемирувачки, што
библиотеката одлучила да ги опише сликите како жена со “нараснат стомак“, која е потопена и се движи низ течност и на чуден начин е во интеракција со интер-конектирани цевки и капсули.

мистериозна книга 


“Не се совпаѓа со ниту еден јазик што постоел во било која друга книга. Цртежите често содржат етикети, кои како да се чини сакаат да понудат пат кон дешифрирање на кодот. Но надежта се докажа дека е само илузија“- рече Рид Џонсон, домаќин водител на викенд изданието во недела на “NPR“
во 2013 година, кога ја пишуваше книгата за “Voynich Manuscript“.

Тој додава дека обидот да се дешифрира кодот е како да се обидувате да искачувате ѕид, на кој ви се лесно достапни држачи, но не се вистински, туку насликани, така што не можете да добиете контрола. Моето искуство со ракописот е само 3 години, па поради тоа јас се рангирам себеси за аматер, објаснува Џонсон.

Со печатењето на 898 примероци е и надежта дека со дадениот пристап до најголемите умови во светот, можеби некој во иднина ќе го има Еурека моментот.

мистериозна книга