Психолошкото влијание на боите (прв дел)

Психолошкото влијание на боите (прв дел)

Подготвил: Марта Димитров

Дали се чувствувате неуморни во портокалова соба? Дали вашиот розов фустан прави да се засмејувате? Дали сината боја прави да се чувствувате мирни и смирени? Многу луѓе веруваат дека боите кои ги носиме на себе може да имаат влијание на нашето расположени. Многу истражувања направени од многу психолози укажува на фактот дека боите може многу да влијаат на рамката на умот, однесувањето и нивото на анксиозност.
бои

Продолжете да читате за ефектите кои различни бои може да ги имаат кај вас:

Розовата е доминантна боја од психолошки аспект. Таа го претставува женскиот принцип и преживувањето на видот, негува и физички смирува. Дури и ако личноста се обиде да биде лута или агресивна во присуство на розова боја, не може. Срцевите мускули не можат да реагираат доволно брзо. Корисна за намалување на лутината и анксиозноста. Но, премногу розово е физички исцрпувачко.

Зелената боја симболизира природа. Таа е најлесната боја за окото, затоа што таа не бара негово приспособување и може да го намали уморот, што ја прави боја на одморот и релаксацијата. Истражувањата докажале дека бојата ја подобрува визијата. Ова може да е причината зошто училишните табли се во зелена боја. Чистите зелени тонови се свежи и вибрирачки додека маслинестите и матирани тонови може да бидат депримирачки. Пастелните зелени може да релаксираат и светлите жолто-зелени тонови може да бидат енергични, но и предоминантни.

Светло кафеавата е познато дека го намалува крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Затоа се смета за смирувачка, релаксирачка испокојна и често се препорачува за спални соби и бањи. Сепак, смирувачкиот ефект на бежовата соба може да направи да се чувствувате неактивни или дури и депресивни, па добра идеја е да ја комбинирате со посветли тонови.

Виолетовата е често опишувана како пурпурна. Таа ја носи свесноста на мислите на повисоко ниво, дури во паралели со духовни вредности. Да се биде последната видлива боја пред ултра виолетовото зрачење, значи дека има прилагодување и врска со времето, просорот и космосот. Кралска боја, пурпурната асоцира на луксуз, богатство и софистицираност. Исто така таа е женска и романтична. Сепак, затоа што е ретка во природата, може да изгледа вештачка. Таа поттикнува интроспекција и длабоки размислувања или медитација. Пурпурната во нејзините најтемни тонови е богата, драматична и софистицирана, и дава длабочина.

Белата е популарна во декорирањето и во модата, бидејќи е светла, неутрална и оди со сѐ. Исто како што црната е тотална апсорпција, белата е тотална рефлексија. Кога е во сила, таа ја рефлектира целосната сила на спектарот во нашето око. Така, исто креира бариери, но различно од црната и често е напорно да се гледа во неа. Бебешките производи се обично бели за да ја симболизираат чистината и невиноста. Белата ја користат медицинските лица за да покажат стерилност. Едно истражување покажало дека луѓето што имаат тремор на рацете, не се треселе многу во бели соби, што покажува дека белата боја има смирувачки ефект.

Кафеавата обично се состои од црвена и жолта, со голем процент на црна. Последователно, има слична сериозност како и црната, но е потопла и помека. Природата е полна со кафеава боја и оттаму кафеавата е боја на земјата. Заради ова психолошкиот ефект на кафеавата боја често е опишан како смирувачки, сигурен, стабилен. Сепак, таа може да биде и меланхолична. Психолошкиот ефект на кафеавата боја зависи и од мешавината на бои со кои е направена.

Сивата боја е неемотивна боја. Таа е одвоена, неутрална, непристрасна, неодлучна, оградувач. Ако сакате да креирате смирена атмосфера и доверба тогаш таа е бојата што ви е потребна. За сивата да го има овој психолошки ефект, добро е да се комбинира со бела или други  неутрални нијанси. Сепак, преголема употреба на сива обично е индикатор за недоволно самодоверба или страв од покажување. Отсуството на бои е депресивно и кога светот станува сив ние сме условени да се повлечеме и да се подготвиме за хибернација.

Сребрената боја има женска енергија, се поврзува со месечината и текот на плимата и осеката – таа тече, имспресивно, остроумно, мистериозно. Таа е смирувачка и прочистувачка. Од психолошки аспект, сигнализира време на рефлексија и промена на насоките, како што го осветлува патот напред. Таа помага со чистење и ослободување на ментални, физички и емотивни проблеми и блокади кога отвора нови врати и го осветлува патот кон иднината. Според значењето на боите, таа се поврзува со престиж и богатство. На неа се гледа како на гламурозна, софистицирана боја поврзана со женската енергија, просперитет и модерност.

Златната боја е бојата на успехот, достигнувањата и триумфот. Поврзана со изобилство и просперитет, луксуз и квалитет, престиж и софистицираност, вредност и елеганција, психологијата на оваа боја имплицира изобилство, материјално богатство и екстраваганција. Светлото злато паѓа во очи додека потемните, тивки нијанси на злато делуваат богато и топло. Сепак, да се биде опкружен со премногу злато може да доведе до тоа да се стане егоистичен, егоцентричен и опортунистички во потрагата по голема моќ и влијание.