Куќа за 500 евра

Куќа за 500 евра

Подготвил: Б.Б.

Tata Group, познатата индиска компанија која го изработи најевтиниот автомобил на светот, овој пат на пазарот ја претстави и најповолната куќа со име Нано. И додека автомобилот има вредност од 1500 евра, Нано куќата има многу поповолна цена и чини околу 500 евра.

Куќата Нано има 20 м2 и основна опрема: врата, прозорци и кров. Ѕидовите се изработени од посебен материјал - комбинација од кокос и јута, чиј век на траење е околу дваесетина години.