Оглас за вработување во Mozzart

Оглас за вработување во Mozzart




Компанија Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 3000 работници и околу 700 подружници во регионот.  Во Македонија работи од 2008 година, вработува околу 300 работници и има 65 подружници.

За нашата регионална дирекција во Скопје потребен ни е

МРЕЖЕН - СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

Мрежен/Систем Администратор


-    Минимум средно образование (пожелно високо образование или образование од други сродни ИТ области)
-    Поседување на ИТ сертификати (Cisco, Microsoft, Juniper) ќе се смета за предност
-    1-2 години работно искуство на ИТ техничка позиција
-    Солидно познавање на TCP/IP Протоколи
-    Солидно познавање на мрежна технологија и мрежни уреди- router, switch, firewall (Cisco, Juniper, Mikrotik)
-    Основно познавање на Рутирачки протоколи
-    Познавање на структурно каблирање на LAN мрежа
-    Одлично познавање на Windows оперативен систем (XP, Win 7-8, Windows Server)
-    Основни познавања на Linux оперативни системи
-    Познавање и искуство во работа со компјутерски хардвер (cpu, hdd, motherboard)
-    Пожелно е искуство во работење со бренд-сервери (HP, IBM, DELL)
-    Познавање на основни системски алатки за дијагностика (ping, trace, nslookup, ipconfig)
-    Искуство во обезбедување техничка поддршка од далечина или директно на самата локација
-    Само мотивираност, посветеност, одговорност и независност во работата, способност за работа на повеќе задачи во исто време и под висок притисок,  способност за брзо прилагодување во брзо растечка околина
-    Возачка дозвола Б категорија, активен возач


Одговорности:

-    Независно обезбедување help-desk и техничка поддршка,
-    Aнализа и решавање на проблемите поврзани со крајните корисници и системот, со алатки од далечина или директно на оддалечените локации,
-    Управување и поддршка на компаниската инфраструктура вклучуваќи Windows, Linux, Мрежна опрема (Cisco, juniper, mikrotik)
-    Инсталација и конфигурација на мрежна, десктоп и сервер инфраструктура
-    Работа во Смени

Лични особини:
-    Способност за тимска работа
-    Работа во динамична околина
-    Брзина и прецизност во работењето
-    Организираност
-    Сталоженост
-    Доверливост

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил job@mozzartbet.mk. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 01.09.2016 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.