Викенд временска прогноза

Викенд временска прогноза

Денес е петок, 26 август 2016 година, 239-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:48, а ќе зајде во 19:19 часот. Денот ќе трае 13 часа и 31 минутa.

Претежно сончево и свежо утро имаме денеска во Македонија. Во јужните и југоисточните предели имаме појава на зголемена облачност која во наредните часови ќе се намалува.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денот го започнеме со сончево и свежото утро со температурите кои се за некој степен пониски во однос на просечните за овој период од годината и ќе се движат од 9 до 21 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, потопло и ветровито време. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер, а попладне во југоисточните предели ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Максималните температури ќе достигнат до 23 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дува доумерен слаб северен и североисточен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во наредните денови ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок што ќе услови сончево и се потопло време. Во деновите од викендот односно во сабота и недела бидете особено внимателни во утринските и вечерните часови бидејќи се очекува пад на температурите кои ќе се движат од 7 до 16 степени. Во текот на денот сончево и потопло со дневни температури од 23 до 33 степени во сабота, односно од 25 до 35 степени во недела. И почетокот на следната седмица е во знакот на сончевото и топло време со пораст на температурите кои ќе бидат во границите на просекот. Во понеделник не очекуваат максимални температури кои ќе се движат од 26 до 36 степени, а во вторник од 27 до 36 степени.