"HBO" бара најдобро оригинално сценарио во Македонија

hbo

 

„НВО“ Европа произведува високо квалитетни серии во Чешка, Романија, Полска и Унгарија од 2010 година. Наградуваните мини серии „Burning bush“, како и драмските серии како „Aranyélet“, „Mamon“, „Pakt“, „Shall we kiss“, „Wataha“ и други ги освоија критичарите и гледачите во земјите од кои потекнуваат, меѓутоа пробудија интерес и помеѓу меѓународната публика.


После успехот во овие земји, сега оваа компанија сака да развие и да продуцира нова драмска серија во Јадранскиот регион односно  Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Акцентот на бизнис стратегијата на „HBO“ Европа се базира на развивање и производство на врвни ТВ серии. Амбицијата на компанијата е, со адаптација на странски продукции да се развиваат серии наменети првенствено за домашниот пазар, врз основа на оригинални локални идеи. Ова воедно е и главна цел на таканаречениот „First Draft“ натпревар преку кој „HBO“ го бара најдоброто сценарио од регионот.

Натпреварот е отворен за сите сценарија кои се напишани и доставени според правилата наведени во продолжение. Оригиналните сценарија треба да имаат единствен глас и треба да го одразуваат квалитетот на раскажување приказни врз кој е врзан овој бренд. Познавањето на актуелните трендови од светот на ТВ сериите е предност, меѓутоа уште поголема предност е вештината на авторот со сопствен глас да разговара со светот кој не' опкружува без да мора да ги следи наметнатите трендови.

Ова се правилата за учество во натпреварот:


- Апликациите треба да содржат целосна скрипта од првите епизоди на играна неделна серија во траење од 30 до 60 минути (една сезона треба да содржи минимално 4, а максимално 13 епизоди).

- Мора да го приложите самото сценарио. Не смеат да се испраќаат синопсиси, описи на ликови, слики или било кој друг напишан или сликовен материјал.

- Потребно е да се приложи сценариото само за првата епизода.

- Случувањето треба да биде во сегашноста, во Јадранскиот регион (Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Не постојат други ограничувања за жанрот.

- Ќе бидат прифатени сценарија на еден или комбинација од повеќе јазици од регионот (хрватски, српски, словенечки, македонски, црногорски, босански).

- Секој учесник може да испрати само едно сценарио.

- Се прифаќаат само оригинални идеи. Авторите мораат да имаат целосно право на трудовите кои ги приложуваат.

- Приложените сценарија ќе ги оценуваат вработените во „HBO Adria“. Имињата на избраните автори и описот на нивниот труд, со нивна согласност, ќе бидат објавени на почетната веб страна на натпреварот „First Draft“ во делот за соопштенија на печатот.

- Одлуката на вработените на „HBO Adria“ е конечна, без можност за понатамошна комуникација во писмена или друга форма.

- За учество во натпреварот можете да се регистрирате на www.hbo.hr/firstdraft и со испраќање на сценарио во PDF формат. Рокот на испраќање на сценарио е 15 ноември 2016 година, до 23:59 часот.

- Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени на почетната страна на „First Draft“ како и преку соопштение за медиумите најдоцна до 1 март 2017 година.

- Сценаријата кои не се во согласност со правилата на натпреварот ќе бидат дисквалификувани, без оценување.