Изберете симбол и прочитајте ја пораката за вашата иднина

Изберете симбол и прочитајте ја пораката за вашата иднина

Подготвил: Марта Димитров

Понекогаш се наоѓаме во ситуации кога би сакале да добиеме барем некаков знак каква одлука да донесеме или во која насока да се движиме. Овој тест открива каква порака носи вашата иднина, а сé што треба да направите е да изберете симбол од сликата. Не размислувајте премногу долго. Изберете го симболот што прв ви ќе ви го одвлече вниманието.

симболи


Сега прочитајте ја пораката што ви ја носи избраниот симбол:

1. Ако го избравте првиот симбол, време е да пуштите некои нешта да си одат од вас. Исчекорете назад и верувајте дека универзумот ќе ве однесе во правилната насока. Постојано си создавате притисок за да ги постигнете целите, но потребно е да имате верба во себе. Престанете да контролирате сé нешто и полесно ќе го направите следниот избор.

2. Симболот со број 2 значи дека е потребно да поставите граници во животот. Моменталниот недостаток на граници дозволува луѓето и нештата да ве контролираат и да ве искористат. Морате да знаете што имате и да ги насочите нештата да работат за вас, луѓето и активностите да ви помогнат да постигнете повисоки цели.

3. Третиот симбол означува дека сте на вистинската патека и потребно е да се релаксирате иако нештата изгледаат нестабилни како што се поставени. Поминувате низ тешки времиња, но овие искуства водат до место што е многу подобро отколку што можете да замислите.

4. Симболот со број 4 значи дека се држите до минатото и тоа ви штети. Без разлика дали сте направиле нешто за што жалите, или сте изгубиле сакана личност, мора да дозволите да се излекувате. Не чепкајте на раната со повторување на настанот во умот. Размислете за лекциите што сте ги научиле и фокусирајте се на тоа како може да ја направите иднината посветла. Запишете ги нештата за кои жалите и изгорете ја хартијата ако ви е тешко да затворите одредено поглавје од животот.

5. Петтиот симбол значи дека работата што ја вложивте се исплаќа, го собирате плодот! Времето е одлично за поставување на нови цели. Всушност тоа е клучот на задоволството. Запишете ги вашите цели и искористете ги расположливите средства за да се упатите кон нивно остварување.

6. Шестиот симбол значи дека сте се обидувале да најдете одговори на животни прашања во светот околу вас. Во реалноста, тоа што го барате е длабоко во вас и мора да гледате на внатре. Фокусирајте се на прочистување на бучавата во мозокот со медитација и дозволете си да бидете во баланс со универзумот. Така ќе ги добиете одговорите што ги барате.

7. Симболот со број 7 значи дека сте работеле многу и дека ви е потребна пауза. Уживајте го светот околу вас од кој сте се дистанцирале. Излезете од шаблонот на секојдневието без да чувствувате вина затоа што тоа ви е заслужено.

8. Осмиот симбол означува дека сте живееле во изолација и дека е време да се поврзите со светот. Иако првичната цел ви била самотија, а не изолација, но сега морате да излезете од оклопот. Отворете се за вистинско поврзување: практикувајте длабоки разговори со пријатели и членови на семејството, или поврзете се повеќе со животните. Ќе забележите дека поврзувањето со светот ќе ви понуди бројни одговори на прашања што очајно сте ги барале.

9. Ако сте го избрале деветиот симбол тоа значи дека сте направиле сé што сте можеле, сте работеле доволно. Сега е време да го уживате она за кое сте работеле. Не станува збор само за материјални нешта. Треба да ги уживате средствата, но не заборавајте да уживате во знаењето и пријателите што сте ги стекнале.