Се бара

Се бара "економски менаџер"... Проверете дали ги исполнувате условите

Подготвил: Б.Б.

На социјалните мрежи се појави оглас за работна позиција во Белград со кој многумина се подбиваа, но огласот не беше ставен на шала.

На Фејсбук еден работодавец од Белград си објавил дека потребен му е работник на позицијата “економски менаџер”. Сопственикот на фирмата напишал дека таа се наоѓа во центарот на градот, на Скадарлија, дека работата е одлично платена, но постои и една “замка”.

Доколку планирате да се пријавите, ве чекаат точно 30 задолженија, за кои ви се потребни 13 квалификации. Значи, во работното време мора да бидете постојано достапни на телефон, компјутер (e-mail), да бидете запознати со сите клиенти кои ги има преку 200, да ја следите онлајн продажбата преку коминтентите кои се 15, да правите промоции на социјалните мрежи, но и да водите сметка за платите, боледувањата, работните тетратки на вработените, а по потреба да работите и на товарење и растоварање на стоката. Ова е само мал дел на вашите обврски.

Ако сте multitask работник, ќе препознаете одлична прилика во огласов, но ако подобро размислите, ќе сфатите дека на сопственикот на фирмата му недостасуваат 30 работници, за да “убие” 30 муви со еден удар.  


Апсурден оглас.