Која е разликата меѓу никаб, хиџаб и бурка?

Која е разликата меѓу никаб, хиџаб и бурка?

Подготвил: Б.Б.

Никаб, хиџаб, бурка – постојат голем број различни покривки што ги носат жените муслиманки низ целиот свет.
Некои носат шамии за да ги покријат главата и косата, додека други носат бурка или никаб, што го покриваат и лицето.
Носењето шамија се смета за знак на пристојност и симбол на верата.
Но, дали можеме да ги разликуваме една од друга? Во продолжение можете да прочитате кратки објаснувања за секоја од различните видови покривки.

Хиџаб

Хиџабот е превез што жените традиционално го носат во присуство на возрасни мажи надвор од нивното потесно семејство, а служи за покривање на главата, косата и вратот. Хиџабите се носат во различни стилови и бои, а најчесто користениот вид на Западот ги покрива главата и вратот, но не и лицето.

Хиџаб

Никаб

Никабот е превез за лицето, кој е отворен во пределот на очите, но може да се носи и со посебна мрежа за очи, во комбинација со марама.

Никаб

Бурка

Бурката е најзатворен од сите превези и се состои од еден дел кој ги покрива и лицето и телото, често со тесна мрежа во пределот на очите.

Бурка

Ал-амира

Ал-амира е дводелен превез, составен од тесна капа, најчесто изработена од памук или полиестер, и шамија.

Ал-амира

Шајла

Во регионот на Персискиот залив популарна е и т.н. шајла, долга правоаголна марама која се замотува околу главата и се прицврстува на рамената.

Шајла


Химар

Некои муслиманки носат и химар, превез со должина до половината, кој целосно ги покрива главата, вратот и рамената, но не и лицето.

Химар

Чадор

Многу Иранки носат чадор, вид на наметка која го прекрива цело тело, а честопати под него се носи дополнителна марама на главата. 

Чадор