11-годишен генијалец популарен на Твитер

11-годишен генијалец популарен на Твитер

Подготвил: М.П.

Сигурно додека сте биле во средно или на факултет сте биле сведок на тој еден екстра паметен ученик, кој како да нема нешто што не знае. Разбира се` што предаваат професорите, ги поминува сите тестови без никаков проблем. Но, чудно е кога овие карактеристики ќе ги има 11-годишно дете.


Даниел Лиу, вистинскиот волшебник за виша математика и наука, го започнал средното обрзование кога имал само 10 години. Пред тоа, победил на „Биди научник“ - предизвик организиран од Фондацијата за хемиско образование, во конкуренција со 30 илјади други ученици. За тоа добил чек со 10 илјади долари. А сега е на колеџ, слуша предавања на Универзитетот Толедо.

 


 

 



Интересно е што ова дете е веќе познато по социјалните мрежи. Еден негов соученик објавил слика со 11-годишникот на кој напишал : Ова дете има 11 години и заедно слушаме органска хемија...вели дека ако имаме некакви прашања да му испратиме мејл. Овој твит бил споделен повеќе од 100 илјади пати и лајкуван повеќе од 200 илјади пати.

 


 

 

 




Даниел нема свој Твитер профил, но веќе е и повеќе од познат на оваа социјална мрежа. Голем број коментари од воодушевување можат да се забележат на објавените слики со него. Според коментарите, тој слуша предавања и на предметот математичка анализа, пријател е со познат научник и е достапен за автограми.