Научници набљудувале како мозокот станува зависен од шеќер

Научници набљудувале како мозокот станува зависен од шеќер

Подготвил: М.П.

Мозокот е полн со податоци и може многу лесно да репрограмира. Ова е позитивна одлика донекаде, бидејќи ни помага да научиме нови начини на однесување, но ако сето ова е проткаено со лоши навики, тогаш ситуацијата може да биде проблематична. За да се научи повеќе околу тоа што го пттикнува овој процес, научниците развиле нова техника која им овозможува да видат што се случува во мозокот во реално време.

Научниците откриле дека инјектираат детектори кои се наречени флуоресцентни преносители и се насочени во мозочните клетки. Експериментот се спроведувал на глувци. Ова се специјални рецептори кои се осветлуваат кога ќе детектираат присуство на одредени невротрансмитери, што на научниците им дава увид на тоа кои хемикалии се трансмитираат во мозокот во дадено време.

 

 

 

Мерењето на мозочната активност е прилично едноставно, набљудувањето на невротрансмитерската активност е потешка – земајќи го во предвид фактот дека некои од супстанците како допамин или норадреналин, се виртуелно идентични и се разликуваат.

Тимот кој вршел ескперименти на глувци, ги тренирал глувчињата да го поврзат звукот на ѕвончето со награда (шеќер). На почетокот глушецот не реагирал на ѕвоното и искусил наплив на допамин – невротрансмитерот се поврзал со задоволство, само откако била добиена наградата. Но, кога глувците започнале да ги поврзуваат и звукот на ѕвоното и наградата, нивните мозоци почнале да испуштаат допамин веднаш откако го слушале звукот на ѕвоното, дури уште пред да ја добијат наградата. Колку поврзаноста на двете појави била поголема, толку бил и поголем напливот на допамин.

Норадреналинот пак, е поврзан со будноста и вниманието, и се додека научниците долго време веруваа дека игра голема улога во формирањето на навики и зависности, неговата улога во овој процес е непозната.

Бидејќи флуоресцентните преносители прават разлика помеѓу допаминот и норадреналинот, истражувачите можеле да набљудуваат и да ги одвојат активностите на овие два невротрансмитери. Откриле и дека времето за ослободување на норадреналин не било под влијание, додека глувчето учело како да го поврзува звукот на ѕвоното со наградата.
Ова може да им помогне на научниците да ја одредат вистинската улога на различните невротрансмитери кои играат улога во креирањето на навики и зависности, а со тоа и да создадат нови начини на лекување кои ќе ги таргетираат одредените соединенија.