Полицаец со супермоќ е кошмар за криминалците во Лондон

Полицаец со супермоќ е кошмар за криминалците во Лондон

Подготвил: Б.Б.

Го нарекуваат Шерлок Холмс на модерното време, поради што е почитуван од колегите полицајци, но не го потценуваат ни криминалците.

Затворскиот службеник во метрополитанската полиција во Лондон, Идрис Бада, има посебна вештина – никогаш не заборава лица, без разлика колку време поминало од првата “средба” или колку пати видел некој човек.

Благодарение на оваа способност, во текот на минатата година забележал 370 апсења, додека во текот на последните две години, помогнал во апсењето на 2500 криминалци. Со овој биланс се смета за најефикасниот полицаец во Европа.

Ако сте љубопитни дали и во вас се крие суперхерој, направете го тестот на д-р Џош Дејвис, професор по психологија на универзитетот Greenwich, кој им помага на луѓето со способност за препознавање лица, да ја развијат својата вештина. Тестот е достапен на следниов линк.


Полицаец со неверојатна вештина.