Теоријата за еволуцијата е постара и од Дарвин?

Теоријата за еволуцијата е постара и од Дарвин?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Хаџе Насирудин Туси бил персиски полимат и плоден писател, архитект, астроном, биолог, хемичар, математичар, филозоф, физичар, научник и теолог. Муслиманскиот научник Ибн Калдун (1332-1406) сметал дека Туси бил најголемиот персиски научник.

 

1


Туси има околу 150 трудови, од кои 25 се на персиски, а останатите се на арапски јазик.

За време на неговиот престој во Нишапур, Туси добил репутација на исклучителен научник. Неговата проза претставува една од најголемите збирки на еден исламски автор. Пишувајќи на арапски и персиски, Туси се занимавал и со верските теми и со нерелигиозните односно секуларните субјекти (античките науки). Неговите дела вклучуваат арапски верзии од делата на Евклид, Архимед, Птоломеј и Теодосиј Витинија.

Во неговата „Akhlaq-i-Nasri, Туси ги поставил основите на теоријата на еволуцијата на видовите речиси 600 години пред да се роди Чарлс Дарвин. Тој ја започнува неговата теорија за еволуцијата на универзумот кој некогаш се состоел од еднакви и слични елементи. Според Туси, започнале да се појавуваат внатрешни противречности и како резултат на тоа, некои супстанции започнале да се развиваат побрзо и поразлично од други супстанции. Тој објаснува како елементите еволуирале во минерали, потоа растенија, па животни и на крај луѓе. Понатаму тој објаснува како наследната варијабилност е важен фактор за биолошката еволуција на живите суштества.

„Организмите кои можат да стекнат нови функции побрзо се повеќе променливи. Како резултат на тоа, тие стекнуваат предности во однос на другите суштества... Телата се менуваат како резултат на внатрешните и надворешните интеракции“.

 

darvin


Туси објаснува како организмите се способни за адаптација на нивната природна средина.

„Погледнете го светот на животните и птиците. Тие имаат се' што им е потребно за одбрана, заштита и секојдневен живот, вклучувајќи сила, храброст и соодветни алатки (органи)... Некои од овие органи се вистинско оружје. На пример роговите, забите и канџите како ножеви и игли, нозете и копитата. Животните кои немаат други средства за одбрана (како газелата и лисицата) се штитат себеси со лукавштина и летање. Дел од нив, како на пример пчелите, мравките и некои видови птици се обединуваат во заедница за да се заштитат себеси и да си помагаат едни со други“.

Тој открива три видови на живи суштества: растенија, животни и луѓе.

„Животните се на повисоко ниво од растенијата бидејќи можат да се движат свесно, одат по храна, наоѓаат и јадат корисни работи. Постојат многу разлики помеѓу животинските и растителните видови. Најпрво, животинското царство е многу посложено. Причината е најкорисната функција на животните. Благодарение на причината тие можат да научат нови работи и да усвојат нови несвојствени способности. На пример, обучениот коњ или соколот кој лови има повисока точка на развој во светот на животните. Првите чекори на човечкото совршенство започнуваат од тука“.

 

2


Туси објаснува како луѓето еволуирале од напредни животни:

„Таквите луѓе (веројатно антропоидните мајмуни) живеат во западниот дел на Судан и други далечни краишта на светот. Тие се блиски со животните со нивните навики, дела и однесување. Човекот има особини кои се разликуваат од останатите суштества, но тој има и други функции кои го соединуваат со светот на животните, царството на зеленчукот, па дури и со неживите тела. Пред создавањето на луѓето, сите разлики помеѓу организмите биле од природно потекло. Следниот чекор ќе биде поврзан со духовното совршенство, волја, набљудување и знаење. Сите овие фактори докажуваат дека човечкото суштество се наоѓа на средниот чекор од еволутивните скали. Според неговата својствена природа, човекот е поврзан со пониски суштества и со помош на неговата волја тој може да постигне повисоко ниво на развој“.