Дали руските научници открија сигнал од интелигентна раса оддалечена 95 светлосни години од нас?

Дали руските научници открија сигнал од интелигентна раса оддалечена 95 светлосни години од нас?

Подготвил: Б.Б.

Скромните руски научници, повеќе од година дена криеле од светот едно интересно и потенцијално големо откритие.

Руски радио-телескоп кој го скенира ѕвезденото пространство во вселената, забележало “моќен сигнал” што доаѓал од близина на ѕвездата HD164595, од соѕвездието Херкул. Ѕвездата е оддалечена од Земјата 95 светлосни години и речиси е идентична по големина со сонцето (99% од големината на сонцето). Во орбитата на ѕвездата се наоѓа една мала планета, HD164595b, голема колку Нептун и на која една година трае 40 земски денови.

Октритието на руските научници го шокирало директорот на институтот SETI (Search for Extraterrestrial Intelligence Institute) од Калифорнија, Сет Шостак, бидејќи овие податоци се добиени пред година дена, а дури сега се обелоденуваат во јавноста.

Телескопот што го открил сигналот се нарекува Ratan-600, а негова главна задача е да го набљудува сонцето. Со него управува Руската академија на науките.  

Веста за откритието ја објавил Клаудио Маконе од Универзитетот во Торино, уште минатата сабота. Тој соработувал со научниците кои го снимиле сигналот во мај 2015 година. Податоците од средбата ги споделил со авторот на научно-фантастични текстови, Пол Гилстер, кој уредува блог насловен Centauri Dreams за меѓуѕвездени истражувања.

Маконе сметал дека откритието на руските научници е вредно за внимание, поради што му ја испратил на Гардијан предлог-презентацијата за состанокот на Меѓународната академија за астронаутика 2016, што треба да се одржи на 27 септември. Таму планира да ги повика научниците на константно набљудување на HD164595.

“Моќта на примениот сигнал не е нереалистична за цивилизацијата од тип 1. Поимот цивилизација од тип 1, прв го осмислил и го искористил Николај Кардашев, руски астрофизичар, во шеесеттите години на 20 век, според кој е направена и именувана Кардашевата скала ”, пишува Маконе во својата презентација.
Цивилизацијата од тип 1

развојно би била на ниво на човековата цивилизација, но ова сè уште е само претпоставка. Ако податоците покажат дека преносот на сигналот дошол преку широк радиски спектар, тогаш поверојатно е дека изворот на звукот бил квазар или некоја друга ѕвездена “врева”. Но, ако звукот доаѓа од потесен спектар и е многу моќен, тогаш најверојатно станува збор за сигнал што го испраќа интелигентна вонземска раса.


Во меѓувреме сигналот не бил повторно забележан, па ако не се појави во догледно време, научниците тешко ќе откријат за што станувало збор.

SETI будно го следи и го бара тој сигнал, но потрагата сè уште е без успех.    


Радио-телескоп на SETI